„Кочани е мртов град“
17 март 2025Реклама
Илјадници луѓе во неделата во Кочани бдееја за жртвите од пожарот во ноќниот клуб, во кој загинаа 59 лица, а уште 155 беа повредени. И низ други градови во Македонија се одржаа слични комеморации, додека роднините на повредените дежураа пред болниците во земјата во очекување на информации за нивната состојба. Пожарот пред зори во Кочани остави претежно млади луѓе загинати и повредени поради изгореници, вдишување чад и стампедо во очајничките напори да се стигне до единствениот излез од зградата, соопштија властите.
Меѓу жртвите има и луѓе на возраст од 16 години.
Влатко Здравков сведочи за ужасната ситуација со која се соочил кога се обидел да ги спасува настраданите во пожарот.