Мулај Брахим, место во планините Атлас, се наоѓа во близина на епицентарот на разорниот земјотрес кој го погоди Мароко пред четири дена. Мулај Брахим е речиси срамнет со земја, бројот на жртви е голем, помошта пристигнува многу бавно а преживеаните се обидуваат очајнички да се справат со последиците од катастрофата.