Ирена Лозана е жена, чиј живот го определува добивањето на дете со попреченост. „Кај скоро 78% од родителите кои што имаат деца со попреченост, мајките се невработени, а 50% од нив се самохрани мајки. Тие мајки се едноставно оставени сами на себе, тука нема еманципација, тука нема никакви права, едноставно се заглавени во тоа што им се случува“, вели Ирена.