Во источниот дел на Албанија, на границата со Северна Македонија, се наоѓа Националниот парк Шебеник. Заштитено подрачје од особено значење за биолошката разновидност, кое претставува еден од најдобро зачуваните планински екосистеми во земјата. Во Албанија, Шебеник доби статус на национален парк од 2008 година. Паркот има многу природни богатства, околу 1.800 видови растенија и животни.
Албанската страна со години изразува интерес за поврзување на областа Шебеник со планината Јабланица во Северна Македонија, за да се создаде заеднички прекуграничен парк. Но, на македонска страна, Јабланица сè уште нема статус на национален парк. Во моментов, само околу 15 отсто од него е прогласено за заштитено подрачје.
Во македонското село Вевчани организации како „Еко свест“ се активни во заштита на природата и едукација за животната средина. И покрај тоа што сè уште нема официјален статус на национален парк, жителите и локалните организации преземаат конкретни чекори за развој на еко-туризмот и промовирање на природното наследство на регионот.
Дарко Китаноски, од организацијата Еко-свест, вели:
„Нашата цел е во следните десет години, да можеме да ја прогласиме целата планина како Национален парк Јабланица. На тој начин таа би била природна поврзана со Националниот парк Шебеник во Албанија.“
Повеќе во видеото!