Израел прогласи „хуманитарна зона“ за цивилите во Газа
6 септември 2025Пред очекуваната големаофанзиваврзградот Газа,израелската армија го прогласи крајбрежното подрачје во јужниот дел на Појасот Газа за таканаречена хуманитарна зона. Областа Ал-Маваси, во близина на Кан Јунис, има основна хуманитарна инфраструктура, како што се теренски болници, водоводни цевки и постројки за десалинизација, изјави портпаролот на армијата на арапски јазик на платформата X. Таму се доставува и хуманитарна помош.
Портпаролот ги повика жителите на градот Газа во северниот дел на Појасот Газа што поскоро да се преселат во областа Ал-Маваси. Војската наИзраелја прогласи оваа мала област на брегот на Медитеранот за „хуманитарна зона“ уште во декември 2023 година. Тогаш започна операцијата против исламистичкиотХамасво северниот и централниот дел на Појасот Газа и го повика тамошнотоцивилното населениеда се пресели во Ал-Маваси.
Недостаток на места, а условите се лоши
Оваа зона веќе сега се смета за безнадежно пренаселена. Според податоците на ОН, во јуни годинава, 425.000 луѓе живееле на површина од околу девет квадратни километри. Тие живеат во огромни шаторски населби. Организациите на ОН го опишуваат обезбедувањето на заеднички тоалети, како и отстранување на ѓубрето, како недоволни. Капацитетите на теренските клиники се, исто така, недоволни со оглед на големиот број луѓе.
Израелската влада планира воено да гозаземеградот Газа на север од блокираната крајбрежна област вовојнатапротив Хамас. Израелските вооружени сили моментално подготвуваат соодветна офанзива. Во последните денови, тие ги интензивираа воздушните напади. Се проценува дека во градот Газа има речиси еден милион луѓе. Помалку од 100.000 досега го напуштиле градот поради претстојната офанзива.