Иран му возврати на Израел, експлозии одекнуваат во Тел Авив
13 јуни 2025Сирените во повеќе израелски градови одекнуваат, а луѓето се повикуваат веднаш да заминат во засолништа, откако Иран истрела голем број ракети кон Израел. Најмалку една експлозија одекна вечерва во главниот град Тел Авив, а телевизиски снимки покажуваат дека израелската противвоздушна одбрана постојано пресретнува ракети на небото.
Небото над Тел Авив е исполнето со густ чад кој најверојатно е резултат на експлодирана иранска ракета.
Претходната ноќ Израел го нападна Иран со воздушни напади испалувајќи стотици проектили насочени, претежно, кон иранските нуклеарни постројки. Цел на нападот биле десетици нуклеарни и воени објекти, но и водечките луѓе на иранската армија. Досега е потврдена смртта на началникот на генералштабот на иранската армија, Мохамед Багери и командантот на Револуционерната гарда, генерал-мајор Хусеин Саламиж, како и повеќе водечки ирански нуклеарни научници.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го опиша нападот на Израел како „одлучувачки момент во историјата на Израел“. Операцијата ќе продолжи со денови, најави тој.