БГ /РТР
20 март 2025Реклама
Македонија е се уште во шок по трагедијата во Кочани.
Букети цвеќиња во рацете, луѓе во црнина кои со наведнати глави се движат низ градот, млади кои во раце носат врамени фотографии од нивни соученици, е сликата во која и денес се разбуди Кочани. Тивкост и тага владее во гратчето, каде денеска (20.03) ќе бидат испратени жртвите од пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, кое однесе 59 животи на млади луѓе, најмногу од Кочани, но и од општините Штип, Чешиново-Облешево, Струмица, Пробиштип, Македонска Каменица, Виница и Скопје.