Германска влада: Русија користи забрането хемиско оружје
4 јули 2025Русија, според наводи на германската разузнавачка служба БНД, ја зголемила употребата на хемиско оружје во Украина. БНД денеска (4.07) објави заедничка изјава со холандските разузнавачки агенции во која ја обвинува Русија за сериозни прекршувања на меѓународната Конвенција за хемиско оружје. Според изјавата, покрај солзавецот и другото хемиско оружје, Русија во војната во Украина го користи и хемискиот воен агенс хлоропикрин, „кој може да биде смртоносен во високи концентрации во затворени простори“.
„Русија сè почесто користи широк спектар на хемиско оружје“, се вели во заедничко соопштение на БНД, холандската воена разузнавачка служба МИВД и холандската разузнавачка служба АИВД. Сега, како што се вели, е додаден и „помоќен хемиски агенс“ - хлоропикрин.
Хлоропикринот, кој бил широко користен во Првата светска војна, ги оштетува белите дробови и може да предизвика тешка иритација на очите и кожата.
Германската влада ги потврди извештаите за употребата на хлоропикрин од страна на Русија во Украина и тоа го осуди како кршење на Конвенцијата за хемиско оружје. Ова е кршење на договорот, кој забранува употреба на воени агенси кои ги напаѓаат белите дробови под сите околности, изјави портпаролот на владата Штефан Корнелиус во Берлин.