Јанина Семенова
5 септември 2023Реклама
Јасмин Хавличек се стерилизирала на 25-годишна возраст. „Никогаш не сакав да бидам мајка. Никогаш не сакав да му го посветам својот живот на дете“, вели таа.
Јасмин на почетокот имала проблеми да најде лекар кој би ја извршил стерилизацијата:
„Навистина имаше многу противење на мојата одлука. 'А што ако се заљубите во некој кој сака деца? Што вели Вашиот партнер за тоа?' Немам партнер и не е важно. Се работи за моето тело.“
Многу лекари во Германија не се подготвени да ги стерилизираат жените доколку тоа не е медицински неопходно, бидејќи постојат и други опции за контрола на раѓањето.