Германија повторно отвори своја амбасада во Сирија
20 март 2025Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска повторно ја отвори германската амбасада во Сирија, која беше затворена во 2012 година по почетокот на граѓанската војна во таа земја. Мал број германски дипломати сега на лице место ќе даваат поддршка на стабилизацијата и обновата на земјата уништена од војна.
Бербок уште пред да пристигне во Дамаск ѝ вети на Сирија хуманитарна помош и натамошно олабавување на санкциите, но само под одредени услови. „Политички нов почеток помеѓу Европа и Сирија, помеѓу Германија и Сирија, е можен. Но, тоа е поврзано со јасни очекувања кои значат слобода, безбедност и шанси во Сирија за сите луѓе - за жените и мажите, за припадниците на сите етникуми и религии“, рече Бербок.
Долгогодишниот властодржец во Сирија, Башар ал-Асад, беше соборен од страна на алијанса на бунтовници под раководство на исламистичката група Халат Тахрирал-Шам во декември минатата година, по речиси 14 години граѓанска војна. Сега земјата ја води преодна влада на претседателот Ахмед ал-Шара. Во кој правец тој ќе ја води Сирија сѐ уште не е јасно. Нова недоверба кон него пред само две недели беше предизвикана од воена акција против привзаници на Асад во крајбрежниот регион на северозападот од земјата, во кој имаше стотици загинати.