31 година независна Македонија
8 септември 2023Реклама
На 8 септември 1991 година, над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот, покажаа волја да живеат во самостојна држава.
Претседателот Стево Пендаровски денеска по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија, 8 септември, на свечена церемонија ќе одликува со Орден „8 септември“ четворица македонски спортисти.
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски ќе се обрати вечер на централната свечена прослава под мотото „Обединети во слободата“, во чии рамки е предвидена богата музичка програма за граѓаните, а на која ќе присуствуваат и претставници на дипломатскиот кор, стопанственици, претставници на граѓански организации, соработници.