Рис, сокол, црвен лав - како треба да изгледа државниот грб?
13 февруари 2025Опозициската СДСМ е против идејата за менување на државниот грб. Лидерот на партијата, Венко Филипче на прес-конференција порача дека најостро ќе се спротивстават на оваа идеја и праша дали освен за овој предлог коалицијата ВМРО-ДПМНЕ- Вреди не разговара и за промена на химната.
„Ние сметаме дека грбот хералдиски ги отсликува сите карактеристики на ова поднебје, јасен е континуитетот и од придобивнките на народно-ослободителната и антифашистичка војна, нема никаква поделба во однос на на етнички групи и ако има таква иницијатива, со сите демократски средства најостро ќе се спротиставиме на промената на државниот грб“, рече Филипче.
Тој посети дека ваквиот предлог веќе беше ставен на маса пред повеќе години, кога ВМРО-ДПМНЕ беа во коалиција со ДУИ. „Тогаш беше во рамките на еден пакет на мерки кој требаше да се донесе. Меѓутоа, првата дилема која се поставува е дали можеби внатре во коалицијата со Вреди се разговара и за измена на химната?“, рече Филипче, барајќи одговор од власта на ова прашање.
Прашањето за смена на државниот грбпо една деценија повторнос е отвара во Северна Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски во средата (12.02) потврди дека со владиниот партнер Вреди разговарале на оваа тема го отвориле прашањето за промена на државниот грб.
„Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што се уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации, рече Мицкоски.
Различни предлози на маса: рис, сокол, црвен лав
И додека трае дилемата дали треба или не да се менува државниот дрб, дел од партиите веќе изгегоа со предлози како тој би изгледал. Либерално-демократската партија (ЛДП) предлага поставување на рисот на новиот грб, како препознатлив вид, карактеристичен токму за земјата.
„Рисот како симбол се наоѓа на металната петденарка, се најде на националниот фудбалски дрес, но и на уште многу други места и е заштитен со голем број меѓународни конвенции. Доколку се постави рисот, се покажува поглед кон иднината наместо „враќање назад и гледање во минатото“, порачаа од партијата.
Според ЛДП, „тоа е симбол кој со ништо нема да потсетува на која било соседна држава и да создаде проблеми“. Посебноста на Македонија, велат од партијата, мора да биде главната водилка кон прифаќањето на каков било предлог за државниот грб.
„Предлагаме општо прифатливо решение. Бидејќи доколку сите се водиме од своите партиски обележја или позиции, ЛДП би се придржувала до македонската флора и фауна и би предложила поставување на соколот како уникатен македонски симбол и дел од нашиот македонски фолклор. Покрај тоа што во Македонија живеат 9 посебни видови на соколи, во нашата народна музика со гордост се опева соколот кој пие вода од нашиот Вардар, песна која е и химна на партијата”, велат од ЛДП.
Последен пат промена на грбот предложи Владата на Никола Груевски во 2014 година, но не успеа да обезбеди двотретинско мнозинство за поддршка на оваа идеја. Стануваше збор за црвен лав на златно-жолта позадина во форма на штит, како и круна во горниот дел во форма на тврдина. Меѓу објаснувањата на тогашната власт беше дека Македонија и Белорусија биле единствени во Европа што имаат државен грб инспириран од советската хералдика.